Ноќите на Кабирија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ноќите на Кабирија (италијански: La notti di Cabiria) е италијански филм од 1957 година, во режија на Федерико Фелини кој е и автор на сценариото, заедно со Ењо Флајано, Тулио Пинели и Пјер Паоло Пазолини. Главните улоги ги толкуваат: Џулиета Мазина, Франсоа Перие, Амадео Назари, Алдо Силвани. Исто како во „Улица“, и во овој филм Фелини ја разработува приказната за добра и невина жена во злобниот и студен свет. Главната улога во филмот, кој ја освоил наградата „Оскар“ за најдобар странски филм, ја игра неговата сопруга, Мазина. На Канскиот филмски фестивал, филмот освоил две награди (Мазина за најдобра глумица и Фелини).[1] [2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во филмот се прикажуваат згодите и незгодите на Марија Чечаречи, наречена Кабирија (ја игра Мазина), проститутка со големо срце и наивна како дете. На почетокот од филмот, нејзиниот сакан Џорџо ја турка во реката за да ѝ ги земе парите. За среќа, неа успеваат да ја спасат децата кои се капат во реката. Потоа, таа случајно го запознава познатиот глумец Алберто Лазари (го игра Назари), кој ја кани во својот дом, нудејќи ѝ богата вечера, но кога доаѓа неговата девојка Џеси (ја игра Греј), тој ја заклучува Кабирија во бањата каде таа ја минува целата ноќ. За време на еден верски празник, Кабирија и нејзините другарки одат во една црква и таа ја моли Богородица да ѝ го промени животот. Една вечер, таа присуствува на магионичарска претстава во која, под дејство на хипноза, ги искажува своите чувства. По претставата, нејзе ѝ приоѓа непознат маж кој се претставува како Оскар (го игра Перие). Набргу, тие се среќаваат неколкупати при што Оскар е многу внимателен кон неа. Најпосле, тој ѝ предлага брак. Кабирија ја продава куќата и заминува во подобар живот. Меѓутоа, Оскар ја носи на брегот на морето и тогаш Кабирија сфаќа дека тој сака да ја турне во провалијата. Разочарана, таа му ги дава парите молејќи го да ја убие. Меѓутоа, малку подоцна, таа среќава група распеани младинци и тоа е доволно да ѝ се врати ведрината и волјата за живот.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]