Ноќен напад на Влад III Цепеш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ноќниот напад
Дел од Османлиско-унгарски војни
Датум 17 јуни 1462
Место непознато; најверојатно на патот помеѓу Никопол и Трговиште (денешна Романија)[1]
Исход влашка победа
Завојувани страни
Влашка Влашка Отоманско Царство
Команданти и водачи
Влашка Влад III Цепеш Мехмед II
Сила
повеќе од 30,000[2] 90.000;
Жртви и загуби
5,000[3] 15,000[3]

Ноќниот напад претставува битка меѓу влашката војска на чело со кнез Влад III, познат како Цепеш (набивач на кол) и османлиската војска на султанот Мехмед II. Битката се одвила недалеку од тогашната престолнина на Влашка, Трговиште на 17 јуни 1462 година и Битката завршила со убедлива победа на Влад. Дипломатскиот конфликт се развил кога Влад Цепеш откажал да оддаде почит на османлискиот султан по кое следувал влашки напад на територијата на денешна Бугарија и набивање на кол на над 23.000 Турци. Мехмед II собрал огромна армија за да ја завладее Влашка. Во оваа кампања најпозната битка е т.н. Ноќен напад каде Османлиите доживеале голем пораз, но и покрај тоа тие продолжиле кон престолнината Трговиште но кога пристигнале пред ѕидините на градот пронашол 20.000 заробеници нанижани на кол кое целосно го разбил борбениот дух на османлиската армија по кое тие набргу се повлекле од Влашка.

Позадина[уреди | уреди извор]

Влад II Дракул во 1436 година застанал на влашкиот престол. Во 1442 бил истеран од соперниците кои биле во сојузништво со Унгарија, но успеал да се здобие со поддршка од Османлиите околу неговото враќање на престолот при што се согласил да му плати на султанот одредена сума и да ги прати своите два легитимни синови, Влад III и Раду III во османлискиот двор каде служеле како заложници за неговата верност. Влад III бил често затворан, камшикуван и тепан бидејќи вербално ги напаѓал своите учители, но и за неговото тврдоглаво однесување, додека неговиот помал брат Раду бил полесно контролиран. Раду го прифатил исламот и влегол во службата на Мехмед II и му било дозволено да служи војска по кое ја добил титулата бег. Овие години се претпоставува дека имале огромно влијание врз карактерот на Влад и довеле до добро познатата омраза на Влад кон Османлиите, јаничарите, кон братот Раду поради тоа што станал муслиман и кон младиот отомански принц Мехмед II. Бил љубоморен кон фаворизирањето на татко му на неговиот постар брат Мирчo II, и полубратот Влад Чалугарул. Во себе имал недоверба и кон Унгарците и кон неговиот татко бидејќи го дал на Турците и ја изневерил заклетвата на Редот на змејот за борба против Отоманското Царство. Влад подоцна бил пуштен на еден вид условна казна и добил шанса да изучува логика, Куранот и турскиот и персискиот јазик, како и книжевни дела. Исто така, тој и неговиот брат биле обучени и во војување и јавање коњи. Татко му, Влад Дракул, откако ја добил поддршката од Османлиите се вратил во Влашка и го преземал престолот од Базарб II.

Во декември 1447, аристократите во сојуз со унгарскиот регент Јанош Хунјади се побуниле против Влад Дракул, и го убиле во мочуриштата близу Балтени. Мирчп, најстариот син и наследник на Дракул бил ослепен и закопан жив во Тарговиште. За да спречи Влашка да не падне под власта на Унгарија, Османлиите ја окупирале и го ставиле младиот Влад III на престолот. Сепак, неговото владеење било краткотрајно затоа што самиот Хунјади ја нападнал Влашка и го вратил неговиот сојузник Владислав II од кланот Данешти на престол. Влад побегнал за Молдавија каде живеел под заштита на неговиот вујко/чичко Богдан II. Во октомври 1451, Богдан бил убиен и Влад побегнал во Унгарија. Импресиониран од познавањата на Влад за разумот и дејствувањето на Отоманското Царство, како и од омразата кон новиот султан Мехмед II, Хунјади се смирил со неговиот поранешен соперник и го назначил како свој советник. Во 1456, три години откако Османлиите го освоиле Цариград тие и се заканиле на Унгарија со освојувањето на Белград. Хунјади започнал против напад во Србија: додека тој самиот заминал за Србија и го олеснил нападот (пред да умре од чума), Влад одвел свој контингент во Влашка, ја освоил својата родна земја и го убил Владислав II.

По паѓањето на Цариград во 1453 година Мехмед започнал да планира нови походи. Во Анадолија кон Трапезундската Империја, на исток кон Ак Којунлу на чело со Узун Хасан, на запад кон земјите на Скендербег и кон Босна. Од друга страна Влашка ги контролирала земјите од другата страна на Дунав а Мехмед посакувал да ги контролира двете страни на реката кое ќе му дозволило да ја нападне и Светото Римско Царство. На 26 септември 1459 година папа Пиј II повикал на нов крстоносен поход и на 14 јануари 1460 година истиот му бил одобрен. Но неговиот план не успеал и единствениот христијански владетел кој сакал војна со муслиманите останал Влад Цепеш кој бил потценет од самиот папа[4]. Нападите започнале од страна на Османлиите и во 1461 година паднал последниот српски град Смедерево, а истата година паднале Мистра и Коринт на Пелопонез[5].

Подготовки[уреди | уреди извор]

Единствениот сојузник на Влад Цепеш бил Михаил Силади кој бил заробен во 1460 г. Неговите другари биле измачувани до смрт а самиот тој бил пресечен на два дела со пила. Подоцна Мехмед испратил посланик кај Влад за да му наложат тој да плаќа данок на Османлиите но тој ги убил пратениците откажувајќи да му плати данок од 10.000 дукати и да му прати 500 деца за јаничарскиот корпус.

Османлиите го преминале Дунав и започнале со собирање на армија а во исто време Влад ги заробувал и ги набивал на кол[5]. Конфликтот продолжил и во 1461 година кога Мехмед го поканил на Влад да дојде на преговори во Истанбул. Кон крајот на 1461 година Влад му напишал на Мехмед дека не е во состојба да му плаќа данок поради неговата војна во Трансилванија со Сасите и унгарскиот крал. Му напишал во писмото дека ќе му испрати многу злато и дека ќе дојде во Истанбул доколку султанот му испрати паша кој ќе управува со Влашка кога тој ќе биде отсутен. Во тоа време Мехмед дознал дека Влад тајно склучил сојуз со унгарскиот крал Матјаш Корвин, но го испратил бегот Хамза паша во Ѓурѓево за да преговара со Влад но всушност намерата била да го зароби Влад и да го однесе во Истанбул. Влад дознал за планот на султанот и самиот започнал со напад. Во нападот Власите ги убиле сите Османлии со рачни орудија. Историчарите споменуваат дека Влад бил еден од првите европски крстоносци кој го користел барутот како смртоносно оружје.

Битка[уреди | уреди извор]

Во неговото писмо до унгарскиот крал Корвин од 1462 г[6]. напишал дека Хамза паша бил заробен кај Ѓурѓево. Подоцна тој се облекол како турчин и се насочил кон тврдината со коњаница заповедувајќи на бранителите на портата да му отворат. На тој начин тој успеал да ја заземе тврдината. По оваа победа тој со своите војски заминал кон денешна Бугарија и ја разделил својата армија на неколку мали групи и за две недели успеал да помине 800 километри убивајќи повеќе од 23.000 муслимани. На 14 февруари 1462 г. му напишал писмо на Корвин:

... Убив маже и жени, млади и стари кои живееја во Облучица и Ново село, каде Дунав се влева во морето од Рахова, која се наоѓа блиску до Килија по долниот тек на река Дунав до Самовит и Гиген. Убивме точно 23.994 Турци без оние чии куќи беа изгорени и оние чии глави не беа отсечени од моите војници.. Тоест Ваше величество треба да знае дека сум го нарушил мирот со него (султанот)..[7]

Христијанските Бугари биле помилувани и голем дел од нив се населиле во Влашка. Описот на Влад ги разделиле жртвите според градовите и тоа во Ѓурѓево 6.414, во Ени Сала 1.350, Дрестер 6.840, Оршова 343, Харсово 840, Маротин 210, Туртукаја 630, Турну Магуреле, Батин и Новоград 384, Свиштов 410, Никопол и Гиген 1.138 и во Орахово 1.460 луѓе. Кога разбрал за ова Мехмед II кој бил пред ѕидините на Коринт го испратил својот везир Махмуд Паша Ангеловиќ со армија од околу 18.000 војници за да го опсади влашкото пристаниште Браила. Влад се вратил и успеал да ја порази војската убивајќи повеќе од 10.000 Османлии. Венецијанскиот амбасабор во Коринт излегол пред јавноста со голема радост кажувајќи дека целото христијанство го поздравува Влад за успехот. Кога Мехмед разбрал и за овој пораз, ја тргнал опсадата од Коринт и заминал кон Влашка.

Христијанска победа[уреди | уреди извор]

Помладиот брат на Влад III, спретниот Раду бег и неговите јаничарски сили добиле задача да ја водат Отоманското Царство кон победа во името на султанот Мехмед II . Откако походот со спахиите пропаднал за поразување на Влад, неколкуте останати спахии биле убиени во т.н. Ноќен напад од Влад во 1462 каде што најверојатно убил 4,000 војници на Раду. Војната продолжила а Раду и неговите јаничари се снабдувале со барут и со динари, со што имале предност за подлабоко навлегување во кралството на Влад. Раду и неговите добро опремени сили на крајот успеале да го освојат замокот Поенари, познатото засолниште на Влад. По тешката победа Раду ја добил титулата Бег на Влашка од султанот Мехмед II. Влад III бил поразен бидејќи романските аристократи биле отуѓени од неговата политика и не го сакале бидејќи го поткопувал нивниот авторитет, им ја слабеел контролата над Влашка. Тие му се придружиле на Раду и верувале дека отоманската заштита била подобра од унгарската окупација. До 8 септември, Влад имал уште три победи. Но постојаното војување направило тој да остане без пари и повеќе не можел да ги плаќа своите платеници. Влад отпатувал во Унгарија да побара помош од неговиот поранешен сојузник Матијаш Корвин. Но наместо да добие помош тој бил уапсен и фрлен во затвор за предавство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Andreescu, p.131
  2. Dracula: Prince of many faces - His life and his times page 141
  3. 3,0 3,1 Dracula: Prince of many faces - His life and his times p. 147
  4. Dracula: Prince of many faces - His life and his times p. 129
  5. 5,0 5,1 Dracula: Prince of many faces - His life and his times p. 130
  6. Mehmed the Conqueror and his time pp. 204-5
  7. Miranda Twiss (1 January 2002). The most evil men and women in history. Barnes & Noble Books. стр. 71. ISBN 978-0-7607-3496-4.