Ноќен жерав (опера)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ноќен жеравопера на јапонскиот композитор Икума Дан.

Содржина[уреди | уреди извор]

Приказната се одвива во мало планинско село во древна Јапонија. Селанецот Јохио живее со својата нежна и убава сопруга Цу. Еднаш, Јохио го спасил животот на еден жерав, извлекувајќи стрела од неговото тело. Без да знае, Јохио, жеравот се претворил во жена и станал негова сопруга. Сакајќи да го усреќи сопругот, Цу тајно ткае ткаенина од своите пердуви.

Селаните Содо и Унзу дознаваат за прекрасната ткаенина и го убедуваат Јохио дека него инеговата сопруга ги очекуваат убав живот и големо богатство во градот, ако Цу исткае иста таква ткаенина, но во поголеми димензии, за кои тие скапо ќе платат. Наивниот Јохио им верува на злобните соседи и ја наговара Цу да исткае повеќе од ткаенината.

Скршена од мислата за трагичните последици на натамошното ткаење, Цу паѓа во несвест во снегот. Јохио ја пренесува до огништето и не може да го разбере нејзиното душевно страдање. Цу го прашува, дали и понатаму го посакува богатството за кое му зборуваат соседите. Јохио, занесен од алчноста, ја убедува да продолжи со ткаењето. Натажена, Цу се повлекува во собата за да ја доврши работата.

Цу се враќа лебдејќи околу смртта и му ја предава скапоцената ткаенина на сопругот. Потоа, таа повторно се претвора во жерав и заминува во снежната квечерина на своето последно патување. Јохио сфаќа дека ја загубил скапоцената сопруга и стискајќи ја ткаенината во рацете, го гледа нејзиното исчезнување.[1]

Изведба[уреди | уреди извор]

Операта „Ноќен жерав“ била изведена на сцената на Македонската опера и балет премиерно на 3 јануари 2015 година во соработка со Токиската опера во чест на 20 години билатерални односи помеѓу Царството Јапонија и Република Македонија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска опера и балет, Програма - декември 2014, Скопје, 2014.
  2. „Премиера на јапонската опера „Ноќен жерав". Нова Македонија. Скопје. 3 јануари 2015. Посетено на 3 јануари 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]