Прејди на содржината

Нос (брод)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Нос[1][2] (англиски: bow, француски: proue, avant, германски: Bug, Vorschiff, руски: нос, италијански: prua) — предниот дел на брод и чамец. Во поширока смисла, делот од почетокот на паралелната медијана кон предната страна. Носот е најистакнатиот дел од бродот крајно спротивно на крмата.[3][4]

Историја

[уреди | уреди извор]

Носот значително се променил низ вековите. Во древно време, носот бил свиткан наназад, а под вода имал клун заради можноста да удри во непријателски брод. Во средниот век, галиите имале долг нос (клун) преку кој се одело на јуриш. Големите едреници прво имале заоблен и отворен, а потоа затворен нос. Во ерата на брзи трговски едреници, се развил т.н. клиперски нос, кој исто така бил прифатен од јахтите.

Во средината на 19 век парните воени бродови повторно биле градени со клун, бидејќи се сметало дека парниот погон ќе овозможи удар со клунот при борбените операции. Трговските бродови имале рамен вертикален нос. Во поново време, развиен е нос со „меур“ со продолжен „меур“ под водната линија за да се намали отпорот. Сега носот е над водата, кос, наведнат напред и нагоре, проширен и заоблен. Таквиот облик дава повеќе простор на носната палуба за макари и работи за врзување, го намалува сопнувањето на бродот, бидејќи се зголемува пловноста и го спречува потонувањето на носот. Мразокршачите имаат подводен кос и остар нос, така што бродот се крева на мразот и со својата тежина го крши мразот пред себе.

Постојат многу видови носови:

  1. „нос“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „нос“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Група аутора, Енциклопедија лексикографског завода, Југословенски лексикографски завод, Загреб, 1962.г.
  4. Група аутора, Мала енциклопедија Просвета, Просвета, Београд, 1959.г.