Норико Х. Араи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Норико Х. Араи (јапонски: 新 井 紀 子, р. 1962 година) е јапонска истражувачка по математичка логика и вештачка интелигенција, позната по нејзината работа на проектот за развој на роботи, кои можат да ги положат влезните испити за Токискиот универзитет. Таа е професор во одделот за информации и општествено истражување на Националниот институт за информатика.

Образование и кариера[уреди | уреди извор]

Араи е родена во Токио. Дипломирала право на Универзитетот во Хитоцубаши, а потоа, во 1985 година, добила диплома по математика magna cum laude на Универзитетот во Илиноис во Урбана-Шампејн. Нејзиниот докторат е од Токискиот институт за технологија.

Таа се приклучила на Националниот институт за информатика во 2001 година.

Придонеси[уреди | уреди извор]

Проектот на Араи, Тодаи Робот, има за цел да изгради робот, кој може да ги положи влезните испити за Универзитетот во Токио (попознат како Тодаи) до 2021 година. Араи станала директор на проектот во 2011 година. Во 2017 на TED Talk, таа објавила дека нејзиниот систем би можел да постигне резултат подобар од 80% од апликантите на универзитетот; сепак, но ова сè уште не бил преоден резултат. Араи го гледа успехот на проектот како доказ дека образованието на човекот треба да се концентрира повеќе на решавање на проблемите и креативноста, а помалку на техниката на учење заснована на повторување.

Араи е, исто така, основачка на Researchmap, „најголемата социјална мрежа за истражувачи во Јапонија“. Таа била една од 15. врвни истражувачи на вештачка интелигенција, поканети од францускиот претседател Емануел Макрон, за да во март 2018 година му се придружат, при објавувањето на големата нова француска иницијатива за истражување на вештачката интелигенција.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Living in the AI Era: Noriko Arai, Mathematician, NHK, June 7, 2018