Нора Лилијан Алкок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нора Лилијан Лепард Алкок
РоденНора Лилијан Скот
18 август 1874(1874-08-18)
Починал31 март 1972(1972-03-31) (воз. 97 г.)
НационалностБританка
ПолињаРастителна патологија, микологија
УстановиУниверзитет Лондон
Кралски ботанички градини во Кју
Оддел за агрикултура, Шкотска
Познат поПрв овластен растителен патолог во Шкотска
Истражување за јагодите отпорни на болести
Поважни наградиMBE (1935)
Стипендист, Линенско лондонско друштво (1923)
Авторска кратенка (бот.)Н.Л.Алкок

Нора Лилијан Алкок (англиски: Nora Lilian Alcock; позната и како Нора Лилијан Лепарт[1] и Нора Лилијан Леопард[2], 18 август 1874 - 31 март 1972) беше пионер во полето на растителна патологија и првиот овластен растителен патолог во Шкотска.

Живот[уреди | уреди извор]

Нора Лилијан Скот е родена во 1874, ќерка на Еџворт Леонора Хил и сер Џон Скот,[3] правниот советник на Кедиве од Египет. Веројатно нема високо формално образование. Се мажи во 1905 со Натаниел Хнери Алкок, радиолог и се преселува во Канада. Кога нејзиниот сопруг умира од рак во 1913, таа и четирите деца се враќаат во Велика Британија.[4]

Работа[уреди | уреди извор]

По нејзиното враќање во Лондон, Алкок добива позиција во Лабораторијата за растителна патологија на Министерството за земјоделство, Кралски ботанички градини во Кју.[4] За време на нејзината работа, Алкок развива стручно познавање во микологија под раководство на сер Џон Фрајер, Џон Рамсботом и професор дама Хелен Гвин-Вон.[5] Алкок станува стипендист на Линенското друштво во 1922, а во 1924 се преселува во Единбург за позицијата на растителен патолог при Одделот за земјоделство и рибарство.[4] Нејзината позиција е со седиште во Единбургските кралски ботанички градини и се фокусира на користење здрави семиња за зголемување на производството на храна.[5] Нора се пензионира во 1937.[5]

Одликувања и признанија[уреди | уреди извор]

Како резултат на нејзиното истражување за габични инфекции, поточно заболувањето црвено јадро кај јагодите, Алкок се здобива со MBE во 1935. Нејзината работа развива сорти отпорни на болести и каталогизирани болести кои се пренесуваат преку семе.[4]

Во 1924 Алкок станува првиот човек што ја држи новата позција на растителен патолог при Министерството за земјоделство и рибарство.[4]

Нејзината биографија е напишана од Чарлс Едвард Фоистер.[4]

Во Единбургските кралски ботанички градини може да се најде меморијалната плоча посветена на Нора Лилијан Алкок.[6]

Други достигнувања[уреди | уреди извор]

За време на Втората светска војна, таа им предава ботаника на воените затвореници. Член е на Националната федерација за бизнис и професионални женски клубови, како и на Единбургските сороптимисти.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. https://www.thegazette.co.uk/Edinburgh/issue/14634/page/331/data.pdf
  2. https://plants.jstor.org/stable/history/10.5555/al.ap.person.bm000341478
  3. Brown, Frank Herbert (1912). „Scott, John (1841-1904) (DNB12)“. Dictionary of National Biography, Second Supplement, volume 3, p. 280 – преку Викиизвор. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Haines, Catherine M. C. (2001). „Alcock, Nora Lillian née Scott“. International Women in Science: A Biographical Dictionary to 1950. Santa Barbara, Calif. [u.a.]: ABC-CLIO. ISBN 978-1-57607-090-1. https://books.google.com/books?id=HftdjMNDvwIC&lpg=PA6&dq=Nora%20Lilian%20Alcock&pg=PA6#v=onepage&q&f=false. 
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Walker, Agnes (4 March 2012). „Nora Lilian Alcock“. Mapping Memorials to Women in Scotland. Women's History Scotland. конс. 15 October 2013. 
  6. „Memorial plaque to Nora Lilian Alcock | Mapping Memorials to Women in Scotland“. womenofscotland.org.uk. конс. 2018-01-30. 
  7. „Автори“. Меѓународен индекс на растителни имиња.  (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]