Нолан Смит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нолан Смит

Nolan Smith 2011 - FEB 13 - Miami Hurricanes at Duke Blue Devils 1.jpg

Лични информации
Роден на 25 јули 1988 (1988-07-25) (34 г.)
Роден во Луисвил, Кентаки, САД
Националност САД САД
Висина 1,93 м
Тежина 84 кг
Позиција плејмејкер
Информации за кариерата
Колеџ 600px bisection vertical HEX-0000CC White.svg Дјук (2007-2011)
Драфт 2011 / Рунда: 1 / Пик: 21
Избран од:
Портланд Портланд Т. Блејзерс
Проф. кариера 2011—2015
Сениорски клубови
Години: Клубови:
2011-2013
2012-2013
2013-2014
2014
2014-2015
Портланд Портланд Т. Блејзерс
Ајдахо Стампид Ајдахо Стампид
Цедевита Загреб Цедевита Загреб
Галатасарај Галатасарај
Делавер Ејтисевенерс Делавер 87ерс


Нолан Дерек Смит (роден на 25 јули 1988 година) е американски поранешен кошаркар, кој играл на позицијата плејмејкер. Моментално работи како асистент тренер во Дјук Блу Девилс.[1]

Како студент на Универзитетот во Дјук, Смит играл колеџ-кошарка четири години за Дјук Блу Девилс. Како јуниор, тој го започнал во стартната постава финалето на националниот шампионат, во кое Дјук остварил победа. Во неговата сениорска година, тој бил избран во првиот тим на американците како и за играч на годината во Atlantic Coast конференцијата.

Тој бил драфтуван на НБА драфтот во 2011 година, каде бил избран како 21-ви пик од Портланд Трејлблејзерс.

Биографија[уреди | уреди извор]

Нолан е син на поранешниот НБА кошаркар, Дерек Смит. Како дете, тој често присуствувал на тренинзите на Вашингтон Булетс каде татко му работел како помошник тренер. По изненадувачката смрт на неговиот татко во 1996 година, Булетс го направиле Нолан чест гостин на нивните домашни натпревари.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Портланд Трејлблејзерс[уреди | уреди извор]

Смит бил избран како 21-ви пик на НБА драфтот 2011 од страна на Портланд Трејлблејзерс. На 9 декември 2011 година, тој го потпишал својот руки договор со клубот.[3] Како дебитант тој одиграл 44 натпревари (четири старта) и имал просек од 3,8 поени, 1,4 асистенции и 1,3 скока за 12,3 минути по натпревар.

Во јули 2012 година, Смит се приклучил на тимот на Трејлблејзерс за НБА Летната лига 2012, но успеал да се појави само на два натпревари откако поради повреда морал да го пропушти остатокот од натпреварувањето бидејќи на 17 јули добил удар со лакт во главата од играчот на Хјустон Рокетс, Зоран Драгиќ, додека бил залетан на влез кон кошот. Тој бил изведен на носилки и натпреварот бил прекинат на 27 секунди до крајот. Подоцна истиот ден, откако тестовите биле нормални, тој бил пуштен од болницата во Лас Вегас.[4]

На 6 јануари 2013 година, Смит се приклучил на Ајдахо Стампид во НБА развојната лига.[5] На 9 јануари, тој бил отповикан од Трејлблејзерс откако се натпреварувал во двата натпревари на Ајдахо во НБА Д-лигата во 2013 година во Рено. Тој имал просек од 22,5 поени, 5,5 скока, 5,5 асистенции и 1,0 украдена топка за 38,0 минути по натпревар, а бил прогласен за почесно споменување на Showcase.[6][7] Својата софмор сезона ја завршил со просеци од 2,8 поени, 0,7 скока и 0,9 асистенции во 40 натпревари.

Цедевита[уреди | уреди извор]

Во јули 2013 година, Смит се приклучил на Бостон Селтикс за НБА Летната лига 2013 каде одиграл само еден натпревар и постигнал четири поени.[8]

На 18 август 2013 година, Смит потпишал едногодишен договор со Цедевита Загреб.[9][10] Во првото коло од АБА лигата, тој постигнал 21 поен во победата со 72-62 на гостувањето кај Мега Визура.

Неговиот највпечатлив момент со Цедевита бил во полуфиналето на плејофот на АБА лигата, кога Цедевита во Белград го победила Партизан со 81-79 со тројката на Смит со звукот на сирената.[11] Во завршницата од тој натпревар се играло кош за кош, а Партизан речиси на самиот крај имал „половина“ кош предност и напад. Откако црно-белите не го искористиле својот напад, Смит ја повлекол топката од својот кош и погодил тројка од осум метри со звукот на сирената за победа на Цедевита. Иако се чинело дека тројката од прва ќе влезе, сепак топката почнала да се "предомислува" и да кружи, но сепак минала низ мрежата. Со тоа било обезбедено хрватското финале во Белград, бидејќи Цибона претходно ја исфрлила Црвена Ѕвезда. Цибона и Цедевита изборија пласман во Евролигата, а од неа ги исфрлиле српските клубови. Партизан поради поразот од Цедевита по 12 години нема да игра во Евролигата.[12] Сепак, во финалето неговата Цедевита загубила од Цибона.[13]

Галатасарај[уреди | уреди извор]

Во јули 2014 година, Смит се приклучил на Оклахома Сити Тандер за НБА Летната лига 2014 каде имал просек од 4,6 поени, 1,4 скока и 2,0 асистенции во пет натпревари.

На 29 август 2014 година, Смит потпишал едногодишен договор со Галатасарај.[14] На 19 октомври 2014 година, во натпреварот турското првенство против Банвит,[15] тој фрлил пешкир на паркетот откако бил заменет, по што главниот тренер Ергин Атаман го избркал од арената.[16] Тој подоцна се извинил за овој инцидент.[17] Сепак, само осум дена подоцна тој бил отпуштен од Галатасарај на 27 октомври 2014 година.[18]

Делавер 87ерс (2014–2015)[уреди | уреди извор]

На 26 ноември 2014 година, Смит потпишал за Делавер 87ерс, клуб од НБА развојната лига филијала на Филаделфија Севентисиксерс.[19] На 15 јануари 2015 година, тој бил отпуштен од 87-ките.[20]

Титули и награди[уреди | уреди извор]

2010
2013-2014

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Nolan Smith“. Duke Athletics. Посетено на October 5, 2020.
  2. Dinich, Heather (January 16, 2008). „Nolan Smith keeps the memory of his father close“. ESPN.com. Посетено на November 30, 2014.
  3. „Blazers rookie Smith signs“. WBIR.com. December 9, 2011. Архивирано од изворникот на November 30, 2014. Посетено на November 30, 2014.
  4. „Allen: Nolan Smith Likely Out For Remainder Of Summer League“. ForwardCenter.net. July 17, 2012. Посетено на November 30, 2014.
  5. „BARTON, SMITH ASSIGNED TO STAMPEDE FROM BLAZERS“. NBA.com. January 6, 2013. Посетено на November 30, 2014.
  6. „Trail Blazers recall Nolan Smith and Will Barton from D-League“. InsideHoops.com. January 9, 2013. Архивирано од изворникот на October 29, 2013. Посетено на November 30, 2014.
  7. „Three Mad Ants Earn 2013 Showcase Honors“. NBA.com. January 14, 2013. Посетено на November 30, 2014.
  8. Holmes, Baxter (July 4, 2013). „A quick look at the Celtics' Summer League roster“. Boston.com. Посетено на November 30, 2014.
  9. „Nolan Smith signs with Cedevita Zagreb“. Sportando.com. August 18, 2013. Посетено на November 30, 2014.
  10. Obradovic, Igor (August 18, 2013). „Nolan Smith agreed terms with Cedevita“. Eurobasket.com. Sports I.T. Посетено на November 30, 2014.
  11. www.24sata.hr, "Nolan Smith sa zvukom sirene zabio tricu za hrvatski finale!", објавено 25 април 2014, пристапено 30 април 2014.
  12. „Smit kao Kecman, Partizan bez EL“. b92.net (српски). April 25, 2014. Посетено на November 21, 2014.
  13. „Cibona pobjednik ABA lige“. jutarnji.hr. 27 април 2014. Посетено на 28 јануари 2020.
  14. „Galatasaray brings aboard point guard Smith“. Euroleague.net. August 29, 2014. Посетено на August 29, 2014.
  15. „TBL 2014–2015 Day 2 Game – Banvit vs Galatasaray“. TBLStat.net. Посетено на November 21, 2014.
  16. Kalaf, Samer (October 19, 2014). „Nolan Smith Throws Towel While Walking To Bench, Infuriates Coach“. DeadSpin.com. Посетено на November 21, 2014.
  17. „Nolan Smith: 'Havluyu hocaya fırlatmadım'. Fanatik.com.tr (турски). October 21, 2014. Посетено на November 21, 2014.
  18. „Nolan Smith leaves Galatasaray“. Sportando.com. October 27, 2014. Посетено на November 21, 2014.
  19. „Sports dispatches for Thursday“. DelawareOnline.com. November 26, 2014. Посетено на November 30, 2014.
  20. „Delaware 87ers acquire Jared Cunningham“. NBA.com. January 15, 2015. Архивирано од изворникот на March 4, 2016. Посетено на January 15, 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]