Нов Чифлик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нов Чифлик
Χλόη
Chloi Church Agios Nikanoros.jpg
Нов Чифлик is located in Грција
Нов Чифлик
Нов Чифлик
Координати: 40°32′N 21°15′E / 40.533° СГШ; 21.250° ИГД / 40.533; 21.250Координати: 40°32′N 21°15′E / 40.533° СГШ; 21.250° ИГД / 40.533; 21.250
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаКостур
Надм. вис.&10000000000000630000000630 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно819
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Нов Чифлик (грчки: Χλόη, Хлои, до 1963 Νέο Τσιφλίκι, Нео Цифлики)[2] — село во Општина Костур во Костурски округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 4 километри северно од градот Костур (Касторија) на брегот од Костурското Езеро во историско-географската област Корешта. Селото се наоѓа на надморска височина од 630 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Нов Чифлик имало 45 жители Македонци[3]Во текот на Втората Балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било евидентирано како напуштена населба.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во следните пописи, селото не се споменува, но по крајот на Грчката граѓанска војна, било евидентирано дека во селото живеат 100 лица. Во 1963 година името на селото било променето во Хлои.

На пописот од 1961 година, во селото живееле 100 жители, во 1971 година имало 106 жители, во 1981 година имало 259 жители, додека во 1991 година имало 356 жители[5]. Денеска, населението на селото е 819 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население / / 100 106 259 356 819 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Χλόη
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. 
  5. Folketeljing 2011, revidert