Ново Село (Халкидик)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ново Село
Νεοχώρι
Neochori Chalcidice.JPG
Ново Село is located in Грција
Ново Село
Ново Село
Местоположба во областа
Ново Село is located in Аристотел (општина)
Ново Село
Местоположба на Ново Село во Аристотел и областа Централна Македонија
Координати: 40°30′N 23°40′E / 40.500° СГШ; 23.667° ИГД / 40.500; 23.667Координати: 40°30′N 23°40′E / 40.500° СГШ; 23.667° ИГД / 40.500; 23.667
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругХалкидик
ОпштинаАристотел
Општ. единицаЛеригово
Надм. вис.&10000000000000550000000550 м
Население (2014)
 • Вкупно714
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Ново Село (грчки: Αρναία) — село во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[1]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Неохори бил дел од општина Леригово[1].

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Ново Село се наоѓа на 32 километри северозападно од градот Јерисос и на 8 километри источно од Леригово, во јужните делови на планината Пијавица. Селото се напѓа на надморска височина од 550 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство. Во 1858 година била изградена црквата Св. Ѓорги. Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“), во 1878 година запишал дека во Ново Село живееле 420 Грци.[2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, во селото живееле 500 жители Грци[3].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 865 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 769 жители.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 849 жители, додека во 1940 година селото броело 1078 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 1021 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1045 жител, во 1971 година имало 943 жители, во 1981 година имало 870 жители[4], додека во 1991 година имало 856 жители. Денеска, населението на селото е околу 714 жители според пописот од 2014 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1078 1021 1045 943 870 856 852 714
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  2. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman : Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 34.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 173.
  4. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 165. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]