Ново Село (Солунско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ново Село
Νεοχωρούδα
Ново Село is located in Грција
Ново Село
Ново Село
Координати: 40°44.25′N 22°52.38′E / 40.73750° СГШ; 22.87300° ИГД / 40.73750; 22.87300Координати: 40°44.25′N 22°52.38′E / 40.73750° СГШ; 22.87300° ИГД / 40.73750; 22.87300
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолун
ОпштинаДаутбал
Општ. единицаКалитеја
Надм. вис.&10000000000000220000000220 м
Заедница
 • Население1703
 • Површина (км2)29.87
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.545 00
Повик. бр.+30-231x-xxx-xxx
Рег. таб.NAx-xxxx до NXx-xxxx

Ново Селo или Ениќој (грчки: Νεοχωρούδα, Неохоруда) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Даутбал на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.703 жители (2011), сите Македонци.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Солунското Поле. Оддалечено е 10 км северозападно од Солун и 1,5 км источно од Градобор.

Историја[уреди | уреди извор]

Во османлиско време[уреди | уреди извор]

Вo 1771 г. Ново Село е споменато како христијанско село, а во 1862 г. е заведено како село со 76 христијански куќи.[3]

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Ново Село како македонско село.[4][5] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека 1873 г. Ново Село (Novo-Sélo) било село со 130 домаќинства и 580 жители Македонци.[6][7] Во истиот период Милош Милоевиќ регистрирал 145 македонски куќи.[8][2] Меѓу 1896 и 1900 г. селото преминало под врховенството на Бугарската егзархија[9]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото брои 740 жители, сите Македонци христијани.[6][10]

Во учебната 1894-95 г. под револуционерот Аргир Манасиев, а со помошта на првенците Ставре Новоселски, Ѓорѓи Саламурчев, Пецо Бакалинот, Христо Чочев и други отвориле унијатско училиште. Во него се запишале 30-35 деца.[11]

По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Ново Село (Novo-Selo) имало 1.016 жители Македонци[6], од кои 552 биле под врховенството на Бугарската егзархија, а 464 под Цариградската патријаршија. Селото било изложео на две странски пропагандибугарската и грчката и во него работеле и бугарско и грчко училиште.[12]

Припојување кон Грција[уреди | уреди извор]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава кога имало 727 жители.[2] Откупени се 8 имоти на жители кои се преселиле во Бугарија.[13] Во 1920 г. селото имало 884 жители (439 мажи и 445 жени).[14]

Во пописот од 1928 г. Ново Село е заведено како македонско, со 919 жители, од кои 9 биле грчки бегалци доведени од Турција (3 семејства).[15]

Население[уреди | уреди извор]

Целото население на Ново Село до денешен ден е чисто македонско. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1138 1235 1258 1212 1195 1430 1979 1703
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Калитеја со седиште во Градобор, која припаѓа на поголемата општина Даутбал, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Градобор, каде тоа е еднственото населено место.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи, а делумно е застапено и сточарството.[2]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Дине Стојанов — револуционер на ВМОРО, четник на војводата Апостол Петков; се иселил во САД во 1909 г. и членувал во МПО „Прилеп“ во Стилтон; чичко му и син му се убиени во 1922 г. од Грци[16]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 336. 
  3. Δημητριάδης, Βασίλης. Φορολογικές κατηγορίες των χωριών της Θεσσαλονίκης κατά την Τουρκοκρατία, ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΑ, σύγγραμα περιοδικόν της ΕΤΑΙΡΕΙΑΣ ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΩΝ ΣΠΟΥΔΩΝ, τόμος εικοστός, Θεσσαλονίκη, 1980, σελ. 422, 437. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Θεσσαλονίκης / Γ.
  4. нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика
  5. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.
  6. 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  7. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152 - 153.
  8. нарекувајќи ги „српски
  9. Илюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр.1
  10. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 140.
  11. Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 350 - 351.
  12. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 218-219.
  13. Μιχαηλίδης, Ιάκωβος. Σλαβόφωνοι μετανάστες και πρόσφυγες από τη Μακεδονία και τη Δυτική Θράκη (1912 – 1930), διδακτορική διατριβή, Θεσσαλονίκη 1996, σελ. 197. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Θεσσαλονίκης / Γ.
  14. Απογραφή 1920, σελ. 116. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Θεσσαλονίκης / Γ.
  15. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, σελ. 43.
  16. Македонски Алманах, издава Ц.К. на МПО, редактор Петър Ацев, издание на "The Macedonian Tribune", Indianapolis, 1940, стр.404.