Ново Село (Струмичко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ново Село (Новоселско))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ново Село
Ново Село (под Огражден).JPG

Поглед од Беласица кон Ново Село во подножјето на Огражден

Ново Село is located in Македонија
Ново Село
Местоположба на Ново Село во Македонија
Координати 41°24′50″N 22°52′51″E / 41.41389° СГШ; 22.88083° ИГД / 41.41389; 22.88083Координати: 41°24′50″N 22°52′51″E / 41.41389° СГШ; 22.88083° ИГД / 41.41389; 22.88083
Општина Општина Ново Село
Население 2756 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2434
Надм. вис. 236 м
Мреж. место Ново Село
Ново Село на општинската карта
Ново Село во Општина Ново Село.svg

Атарот на Ново Село во рамките на општината
Commons-logo.svg Ново Село на Ризницата

Ново Селосело во Општина Ново Село, во околината на градот Струмица, и административен центар на општината.

Поглед кон Ново Село
Седиштето на Општина Ново Село
Дом на културата
Бунар

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Ново Село е седиште и најголема населба во рамките на Општина Ново Село и едно од најголемите струмички села. Се наоѓа во подножјето на планината Огражден во Струмичкото Поле, на надморска височина од 236 метри. Селото е оддалечено 21 километар источно од градот Струмица, а 8 километри западно од македонско-бугарскиот граничен премин.

Историja[уреди | уреди извор]

Стара историја[уреди | уреди извор]

Најпрвин населбата се наоѓала во месноста Селиште, потоа во Волчји Дол, па преместена на денешното место. Во селото и околината постојат неколку археолошки локалитети, како: Бел Рид , Градиште , Коштуница , Новоселско депо, Селиште, Чука и Шопов Рид.

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во османлиските пописи од 1519 и 1570 година под името Јени Ќој (Ново Село). Се претпоставува дека со доаѓањето на Турците на Балканскиот Полуостров во втората половина на 14 век, плодната рамнина била на одземена на христијанското население и тоа било принудено да формира нова населба источно од месноста Волчја Могила. Новото занимање на населението станало сточарството. Фактот дека ова село долго време опстојувало се големиот број на гробови во областа Гробчето. Од ова село сè уште може да се видат остатоци од темелите на некои куќи.

Кон крајот на 17-тиот и почетокот на 18 век, населението на селото започнало да емигрира на сегашното место во селото. Конечната емиграција на жителите на денешната местоположба завршила во почетокот на 19 век. Постепено селото започнало да расте и се претворило во пазарен центар на околните села.

Во XIX век селото броело 1.200 жители и било прво од селските населби во Струмичката каза. Во 1842 година била изградена црквата „Св. Георги“, а во 1866 година било основано и училиште на македонски јазик, и тоа во куќата на фамилија Панзиевци, како резултат на напорите на видниот граѓанин од селото, Димчо Хаџи-Пенев. Подоцна, местоположбата на селото била преместена во куќата на фамилија Ѓозевци, а уште подоцна во т.н. Попски Дом.

Во 1895 година во Ново Село бил основан комитет на ВМОРО. Во селото претстојувал и Гоце Делчев, а овде живел и големиот комитски војвода Мануш Георгиев. Првата тешка провала во Струмичко била така наречената Новоселска афера кога биле убиени 5 Албанци, по кое следувало апсење 30 души во Струмица на чело со Стојан Георгиев како раководителот на Струмичкиот окружен комитет[1].

Царство Бугарија[уреди | уреди извор]

Во 1913 година, за време на Балканските војни, селото било запленето од грчката војска и биле изгорени се 160 куќи. Според Договорот од Букурешт до 1919 година, Ново Село влегло во границите на Царство Бугарија во новоформираната административна област Струмица.

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ. За време на Втората светска војна од 1941 до 1944 година селото повторно било вклучено во границите на Бугарија. Во тоа време градоначалник на селото бил Атанас Мачуков[2].

Во 1936 година бил изграден училишен објект со парични средства на селаните.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село и е нејзин административен центар.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во почетокот на 20 век, селото било со чисто македонско население.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 година, Ново Село е наведено како село со 90 домаќинства и 325 жители Македонци[3][4]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Ново Село живееле 1.400 жители Македонци[3][5].

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Село имало 1.280 Македонци, егзархисти.[6]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.756 жители. Следува табела на националната структура на населението[7]

Националност Вкупно
Македонци 2.726
Турци 0
Роми 3
Албанци 0
Власи 0
Срби 11
Бошњаци 2
Други 14

На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години:[8]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 1.400[5] 1.270[6] 1.246 1.443 1.833 2.143 2.562 2.829 2.692 2.756

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Селото е административен центар на Општина Ново Село од 1996 година. Пазарен ден во селото е четврток. Во непосредна близина на селото се наоѓа Новоселската акумулација. Водоводот во селото бил изграден во 1974 година.

Локалната самоуправа на Општина Ново Село се застапува од страна на градоначалникот на општината и Советот на Општината, кој брои 15 члена.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Во населбата има повеќе јавни институции како што се:

  • Домот на културата „Јане Сандански“ од Ново Село бил основан на ден 28 декември 1988 година а како институција од јавен интерес била регистрирана на 20 февруари 1989 година. Во склоп на домот се наоѓа и Месна заедница на селото, канцеларии за вработените, библиотека, сала со 300 седишта и.т.н.
  • ЈП „Комуна“
  • Посебно Училиште „Св. Климент Охридски“
  • Основно Училиште „Мануш Турновски“
  • Градинка „Детска радост“
  • Полициска станица
  • Гранична полиција и противпожарната станица.
  • Пошта

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[уреди | уреди извор]

Градби[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени[уреди | уреди извор]

Поврзани[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

  • Ноќен турнир по фудбал „Илинден“.
  • Ѓурѓовденски средби

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски Факултет
  2. Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 524.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 186-187.
  5. 5,0 5,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 161.
  6. 6,0 6,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905.
  7. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]