Ново Село (Ениџевардарско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ново Село
Λιθαριά
Ново Село is located in Грција
Ново Село
Ново Село
Координати: 40°54′N 22°11′E / 40.900° СГШ; 22.183° ИГД / 40.900; 22.183Координати: 40°54′N 22°11′E / 40.900° СГШ; 22.183° ИГД / 40.900; 22.183
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВртикоп
Општ. единицаМениида
Надм. вис.&10000000000000230000000230 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Ново Село или Ени Ќој (грчки: Λιθαριά, Литарија; до 1926 година: Γενήκιοϊ, Ениќој[2]) — село во Пазарско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во подножјето на југозападниот дел на планината Пајак, на надморска височина од 230 метри.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

До 1924 година селото било населено со чисто македонско население.[3]

По завршувањето на Грчко-турската војна во 1922 година, во него биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, селото претставувало мешана населба со 19 бегалски семејства со вкупно 72 жители.[4]

Во 1926 година, името на селото било променето во Литарија (Λιθαριά).

Селото настрадало за време на Граѓанската војна, кога во зимата 1947 година неговото население (според статистиката на НОФ, 26 Македонци и 126 бегалци) било присилно преселено од грчките монархистички власти во селото Мандалево. Откако се смирила состојбата, населението се вратило назад и го обновило селото.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Бидејќи е планинско, селото е доста пасивно, со тоа што основно занимање на населението е сточарството, а делумно земјоделството.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Ново Село (Ени Ќој) живееле 65 Македонци.[3][5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Село (Novo-Selo) имало 80 Македонци.[3][6]

Во пописот од 1913 година било забележано со 25, а во 1920 година со 26 жители. Грчките власти во 1924 година тука сместиле и неколку бегалски семејства, така што Ново Село станало мешана населба, која во 1928 година била забележана со зголемен број жители, односно 114, од кои 70 бегалци, а во 1940 година биле попишани 156 жители. За време на Граѓанската војна, населението присилно било иселено од селото, а по завршувањето на истата, повторно било обновено. Во 1951 година биле забележани 153 жители. Во 1961 година имало 224, во 1971 година 115, во 1981 година само 24, а во 1991 година 10 жители. Намалувањето на бројот на населението се должело на преселувањето на дел од бегалските семејства во поголемите градски центри во земјата.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 6 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1 жител.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 156 153 224 115 24 10 6 1
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Мениида со седиште во селото Калиница, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Дреново, во кој покрај Ново Село, влегува и селото Дреново.

Наводи[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]