Ново Село (Дебарца)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ново Село
Викиекспедиција Дебарца 168.jpg

Поглед на селото Ново Село

Ново Село is located in Македонија
Ново Село
Местоположба на Ново Село во Македонија
Координати 41°18′34″N 20°48′20″E / 41.30944° СГШ; 20.80556° ИГД / 41.30944; 20.80556Координати: 41°18′34″N 20°48′20″E / 41.30944° СГШ; 20.80556° ИГД / 41.30944; 20.80556
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Debarca Municipality.svg Дебарца
Област Дебарца
Население 68[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6344
Повик. бр. 046
Надм. вис. 759 м
Ново Село на општинската карта
Ново Село во Општина Дебарца.svg

Атарот на Ново Село во рамките на општината
Commons-logo.svg Ново Село на Ризницата


Ново Село — село во Општина Дебарца, во областа Дебарца, во околината на градот Охрид.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Ново Село се наоѓа во областа Дебарца. Најблиски соседни села на селото Ново село се. Црвена Вода и Песочани од север и северозапад, Белчишта од исток и Ботун од Југ.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век, Ново Село се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебарца, во Отоманското Царство.

Селото е настанато средината на 19ти век, кога се доселиле неколку македонски родови од околните дебрчки села(Марковци, Сиљановци, Камберовци и Прензовци), кои биле исплџии кај турците. Селото се зголемило поготово помеѓу двете светски војни.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ново Селоимало 18 жители, сите Македонци христијани.[2] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Село имало 68 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Ново Село живееле 68 жители, од кои 64 Македонци и 4 други.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[4] 1905[5] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 18 68 201 210 241 176 184 142 92 68
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]

Родови[уреди | уреди извор]

Ново Село е македонско село.

Родови во селото се: Марковци (2 к.), доселени се во 1850 година од селото Белчишта; Камберовци (4 к.), доселени се од селото Лактиње во 1850 година, во Лактиње имаат истоимени роднини; Прензовци (1 к.), доселени се во 1850 година од селото Сливово, во Сливово биле староседелци, припаѓале на истоимениот род, а имаат истоимени роднини и во Велмеј; Сиљановци (1 к.) доселени се кога и претходните три рода од селото Врбјани, таму биле староседелци, и припаѓале на родот Ќемаловци.

Родови доселени помеѓу двете светски војни се: Сиљановци (2 к.), доселени се од селото Локов, Малесија; Таневци (4 к.), доселени се од селото Ботун; Стојковци (2 к.) и Пупановци (2 к.), доселени се од селото Белчишта; Треневци (3 к.), доселени се од селото Годивје, таму припаѓале на родот Ѓаковци; Јанкуловци (2 к.), Јановци (2 к.), Новковци (1 к.) и Методија (1 к.), доселени се од селото Црвена Вода; Деспотовци (1 к.), доселени се од селото Лешани; Алексовци (2 к.), доселени се од селото Арбиново; Божиновци (1 к.), доселени се од селото Куратица.[7]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година родови во селото се:

Савевци (4 к.) доселени се од селото Арбиново во 1912 година, таму припаѓале на родот Стамболџиовци, овде биле и пред 1912 година, односно од 1892 година, но не живееле континуирано; Вретовци (1 к.) доселени се во 1919 година од селото Врбјани, каде припаѓале на истоимениот род, овде живееле и во 1850 година, но се вратиле во Врбјани, па повторно отишле во Ново Село; Сукловци (1 к.) доселени се во 1912 година од селото Белчишта, каде припаѓале на истоимениот род, сега се викаат Марковци; Китевци (5 к.) доселени се во 1912 година од селото Белчишта, каде припаѓале на истиот род; Прензовци (1 к.) доселени се во 1912 година од селото Издеглавје, каде имале роднини, подалечно потекло имаат од Сливово, каде припаѓаат на истоимениот род; Јаневци и Наумовци (4 к.) доселени се од селото Црвена Вода, таму припаѓале на родот Шијаковци; Ристевци (1 к.) доселени се во 1912 година од селото Лешани, каде припаѓале на родот Трајковци; Силковци (4 к.) доселени се во 1915 година од селото Белчишта, а таму дошле од селото Ботун, каде припаѓале на родот Каравиловци; Сиљановци (1 к.) доселени се во 1917 година од селото Локов, Малесија, каде припаѓале на родот Петковци; Балтаковци (2 к.) доселени се во 1918 година од селото Црвена Вода, а таму се доселиле од селото Брежани во првата половина на 19ти век; Савевци (2 к.) доселени се во 1919 и 1934 година од селото Годивје, таму припаѓале на родот Ѓоковци; Смилевци (1 к.) доселени се во 1919 година од селото Црвена Вода, таму припаѓале на родот Трајановци; Камберовци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Лактиње, каде припаѓале на родот Јоргановци; Божиновци (1 к.) доселени се во 1924 година од селото Локов, Малесија, таму припаѓале на родот Блажевци; Опеловци (2 к.) доселени се во 1927 година од селото Белчишта, таму припаѓале на истоимениот род; Мацевци (1 к.) доселени се во 1927 година од селото Црвена Вода, таму припаѓале на истоимениот род.

Роми: Демировци (1 к.) доселени се во 1934 година од селото Белчишта.[8]


Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебарца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото претставувало седиште на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото влегувало во рамките на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Ново Село, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Лешани, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Ново Село се наоѓало во некогашната Општина Ново Село, во која влегувале селата Ботун, Ново Село, Песочани и Црвена Вода.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед на црквата „Св. Богородица“ во Ново Село
Цркви[9]

Личности[уреди | уреди извор]


Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од Ново Село како и од другите села во Дебарца населението многу се иселувало, поготово јаки биле иселувањата од крајот на 1950-тите години и до ден денес не се престанати. Највише од населението е иселено во Охрид, а има иселеници и во Скопје, Струга, Германија и прекуокеанските земји.

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1948:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 3 октомври 2016. 
  2. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 162-163.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  7. Jovan., Trifunoski, (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. SANU. ISBN 8670251582. OCLC 466478840. http://worldcat.org/oclc/466478840. 
  8. 8,0 8,1 . Архив МАНУ Фонд „ Бранислав Русиќ “ АЕ 89/1. „ Дебарца “ Ново Село. 
  9. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  10. „Охридско архијерејско намесништво — Белчишка парохија“. Дебарско-кичевска епархија. 30 јануари 2015. конс. 3 октомври 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]