Новочеркаска катедрала

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Новочеркаска Вознесенска катедрала
Новочеркасский Вознесе́нский Cобор
Novocherkasskiy Voznesenskiy Sobor
Novocherkassk Cathedral (2017).jpg
Основни податоци
МестоПлоштадот Јермак 2 (346429), Новочеркаск
Координати47°24′50.612″N 40°6′37.0828″E / 47.41405889° СГШ; 40.110300778° ИГД / 47.41405889; 40.110300778Координати: 47°24′50.612″N 40°6′37.0828″E / 47.41405889° СГШ; 40.110300778° ИГД / 47.41405889; 40.110300778
ПрипадностРуско православие
Мреж. местоSolnzedona.ru
Архитектонски опис
Архитект(и)Александар Јашченко
Архитектонски стилНеовизантиски
Завршен1904
Особености
Сместивост5,000[1][2]
Должина76,8 m (внатрешност)[1][2]
85.8 m (надворешност)[1][2]
Ширина62 m[1][2]
Внатр. површина2,900 m² (внатрешност)[1]
3,200 m² (надворешност)[1]
Висина (најг.)74.7 m (врвен крст)[1][2]
Пречник на куполата (надв.)21.5 m[1][2]

Вознесенската катедрала (Вознесенский собор) — руска православна црква во Новочеркаск, Ростовска област, Русија. Таа беше една од најголемите цркви во Руската Империја и главната црква на Донските Козаци.

Петкуполната црква, која е 75 метри висока, е познат пример на руската неовизантиска архитектура. Таа беше изградена помеѓу 1891 и 1904 година, на местото на една поранешна црква. Првата црква на ова место беше изградена според дизајнот на Лујџи Руска. Таа била урната во 1846 година. Црквата која ја заменила била урната 17 години подоцна.[3]

Постоечката црквовна градба била дизајнирана од страна на локален архитект, Александар Јашченко, во 1905 година. Верниците беа протерани од црквата од страна на комунистите во 1934 година. Православната заедница ги продолжи своите активности во горната црква во 1942 година, откако комунистите биле протерани од Донбас од страна на Вермахтот.[4]

Старочеркаската катедрала и Новочеркаската катедрала се сметаат за главни духовни центри во Донбас. Матвеј Платов, Василиј Орлов-Денисов, Јаков Бакланов и други атамани биле погребани во црквата. Бронзената статуа на Јермак, освојувачот на Сибир, пред тремот била дизајнирана од Михаил Микешин.[5]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 „Обмерные работы: Вознесенский войсковой кафедральный собор“.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Патриарший Вознесенский войсковой всеказачий кафедральный собор г. Новочеркасска“.
  3. Official website of the Rostov-on-Don Eparchy
  4. „Войсковой Вознесенский кафедральный собор в Новочеркасске“ (руски). Посетено на 28 April 2018.
  5. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2019-12-18. Посетено на 2018-05-15.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]