Прејди на содржината

Новородена ѕвезда

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Новородена ѕвезда“ (англиски: Rising Star) е роман за деца на англиската писателка Синди Џефрис од 2005 година. Романот е дел од серијалот „Училиште за славни“ (како втора книга), објавен на македонски јазик во 2010 година, во издание на издавачката куќа „Детска радост“ од Скопје, како дел од библиотеката „Тин“.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Романот се состои од следниве поглавја:[1]

  • Ново училиште
  • Пријатели
  • Новородени ѕвезди
  • Час по пеење
  • Клое има проблем
  • Разочарувачка недела
  • Пријатели во добро, но не и во зло
  • Дома за викендот
  • Во потрага по глас
  • Тревоги и итни решенија
  • Главата гордо високо
  • Дени возвраќа со добро
  • Смртно преплашена
  • За што служат пријателите
  • Гласот на Клое


На крајот од книгата се наоѓа поговор со наслов „Од училиштето за славни“, напишан од Васил Тоциновски, како и Белешка за авторот.

Технички податоци

[уреди | уреди извор]

Книгата има 105 страници, со големина од 20 сантиметри и мек повез. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-30-991-5. Преводот го извршила Александра Коцева, дизајнот и графичко-ликовното уредување го извршил Жарко Туниќ, а лектурата е дело на Лорета Шкиљевиќ. Книгата е отпечатена во печатницата „Напредок“ од Тетово.[2]

  1. Синди Џефрис, Училиште за славни - Новородена ѕвезда Скопје: Детска радост, 2010.
  2. Синди Џефрис, Училиште за славни - Новородена ѕвезда Скопје: Детска радост, 2010.