Новиот Почеток (музичка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
The Beginnings
ПотеклоСкопје, Македонија
ЖанровиПанк рок, Хардкор
Период на активност2002 - денес
ИздавачиSixtynine Records, Enterprise Records
СоработнициRetro Cabaret, Screaming For Change, Bandover, Fun House, Charlie Hitt, Fonija, Dave Stands, Fitz
Мреж. место[1]
Членови
Филип Тасевски (2002 - денес) вокал, гитара
Никола Исаиловски (2005 - денес) гитара, позадински вокал
Иле Лулевски (2015 - денес) тапани
Александар Петровски (2007 - 2012, 2018 - денес) бас
Емил Тодоров (2017 - денес) гитара
Поранешни членови
Дарко С. (2002 - 2003) гитара
Џон (2002 - 2006) бас
Дарко П. (2003 - 2006) тапани
Тоде (бас замена) (2004)
Bodeen (2007 - 2010) тапани
Дени Крстев (2010 - 2013) тапани, вокал
Стефан Сајковски (2014 - 2015) тапани
Борјан Сандревски (2012 - 2018) бас

The Beginnings (порано Новиот Почеток) — мелодичен хардкор/панк рок бенд, формиран во 2002 година, со оргиналното име „Морфиум“ во Скопје, Македонија. Моментално во групата членуваат: Филип Тасевски (Fitz aka Feetz) како вокалист и гитарист (2002-денес), Никола Исаиловски (Fat Cacko) како гитарист и позадински вокалист на концертните настапи (2005-денес), Александар Петровски како басист (2007-2012, 2018-денес), Иле Лулевски како тапанар (2015-денес) и Емил Тодоров како live гитарист (2017-денес). Поранешни членови на бендот се Јован Стефановски - Џон, бас-гитара (2002-2006), Дарко Пешевски, тапани (2003-2006), Дарко Стојоски, гитара (2002-2003), Бодин Попов, тапани (2007-2010), Дени Крстев, тапани и вокал (2010-2013), Стефан Сајковски, тапани (2014-2015), Борјан Сандревски како басист (2012-2018). Бендот досега има издадено четири албуми под името „Новиот Почеток“ - „Еволуцијата би требало да започне сега...“ (2006) - за сопственoто DIY издаваштво Sixtynine Records, „Агнозија“ (2009) - за Enterprise Records, како и "Melancholic Machine" (2012) и „Јас сум земја“ (2015) повторно за Sixtynine Records, како и неколку демо снимки, демо снимки во живо, промотивни и сингл изданија. Во септември 2018 година бендот го менува името во "The Beginnings" и го издава првиот албум на англиски јазик "I Am Dirt".

The Beginnings се најпрепознатливи по своите енергични концерти. Нивната музиката несомнено највеќе наликува на онаа од влијанијата кои ги има бендот од калифорниската панк рок сцена, но со значителни примеси на хардкор. Текстовите во основа обработуваат општествено политички тематики, но голем дел од истите се и длабоко персонални и емотивни.

Период на оформување[уреди | уреди извор]

Почетоците на бендот датираат од 2002 година под името „Морфиум“, (во состав Fitz aka Feetz - вокал и гитара, Џон - бас, Дарко С. - гитара). Година подоцна гитаристот Дарко С. го напушта бендот, а се приклучува Дарко П. како тапанар. Од овој период постојат повеќе демо снимки кои никогаш не се издадени.

Запознавање со сцената/Периодот на „Еволуцијата“[уреди | уреди извор]

Во 2005 година името „Морфиум“ е заменето со „Новиот почеток“, како втор гитарист во бендот доаѓа Никола Исаиловски - Fat Cacko и истата година бендот го снима својот прв албум „Еволуцијата би требало да започне сега…", кој е издаден за сопствената DIY издавачка Sixtynine Records, при крајот на 2006. Албумот е сниман од страна на Деко и Ненад Трифуновски - Трипе во студиото Blla Blla Blla на Идриз Амети од истоимениот бенд. Првиот тираж на албумот е комплетно распродаден. Денес албумот може да се набави само од локалните дистрибуции на Sixtynine Records и All Together Distro, и на концертите на бендот.

Новиот Нов Почеток/„Агнозија“ период[уреди | уреди извор]

По тримесечна пауза, во 2007 бендот доживува мали промени во составот - на местото тапанар доаѓа Бодин Попов, а на местото басист - Александар Петровски - Аце, и Новиот Почеток почнува со нови сили и нова енергија да работи на вториот албум насловен „Агнозија“, кој подоцна го снима заедно со еден од најзначајните продуценти во Македонија - Валентино Скендеровски, во студиото „Enterprise“, во периодот јуни 2008 – Февруари 2009 година. Албумот „Агнозија“ е издаден на 15 мај 2009 година за издаваштвото "Enterprise Records". Денес албумот може да се набави во музичката продавница „Југотон“ во Скопје, и кај локалната дистрибуција на "Sixtynine Records". Во 2009 година бендот настапи на фестивалите „Егзит“ во Нови Сад и „Dirty Old Festival“ во Велика, Хрватска.

„Melancholic Machine“[уреди | уреди извор]

Во мај 2010, Бодин Попов го напушта бендот а на негово место доаѓа Дени Крстев од бендот Фонија. Меѓу настапите, со новиот тапанар бендот настапува и на фестивалот „Аларм“ во Љубаништа. Во мај, 2011, тие влегуваат во студио да го снимат својот трет студиски албум со наслов "Melancholic Machine", кој е комплетно завршен во октомври, 2011, а беше издаден на 24-ти февруари 2012 година. Албумот беше промовиран на нивнaта прв официјална балканска турнеја во мај 2012. Турнејата опфати концерти низ Македонија, Србија, Хрватска и Словенија. Во ноември, 2012 година, тие ја имаа и својата прва Европска турнеја, која ги опфати: Бугарија, Романија, Унгарија, Чешка, Германија, Хрватска и Србија. Во октомври, 2013, тие ја отсвиреа и својата втора Европска турнеја која ги опфати Македонија, Србија, Унгарија, Словачка, Чешка, Полска, Германија, Швајцарија, Франција, Италија, Босна, Бугарија и Грција. По оваа турнеја Дени Крстев е заменет од страна на Стефан Сајковски од бендот Dave Stands.

„Јас сум земја“[уреди | уреди извор]

Бендот со новиот тапанар за прв пат настапува на второто издание на фестивалот „Земјотрес, а во текот на 2014 година го подготвува новиот албум, кој е подоцна наречен „Јас сум земја“ и е сниман и продуциран во периодот од октомври, 2014 до февруари, 2015 година во студиото MarryPhat на Ивица Јанкуловски - Штраф. Албумот беше издаден најпрвин дигитално на 16-ти април 2015 година, а следуваше и концертната промоција на 16-ти мај во Скопје, по која бендот замина на уште една европска турнеја заедно со битолскиот бенд Spank. На турнејата бендот настапуваше со Иле Лулевски од бендот Spank на тапани како замена, а од септември, 2015-та година тој е и официјално новиот тапанар на бендот. „Јас сум земја“ е и првиот албум на бендот кој освен на ЦД беше издаден и на винил и во дигитален формат.

Промена на името и „I Am Dirt“[уреди | уреди извор]

На 9-ти септември 2018 година, бендот на својот Facebook профил објави дека го менува името од „Новиот Почеток во „The Beginnings и исто така беше дигитално објавен првиот албум на англиски јазик - „I Am Dirt“, за кој беше наведено дека ќе биде издаден на 12" винил во 2019 година.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Година на издавање Наслов на албумот Издавачка куќа
2006 Еволуцијата би требало да започне сега... Sixtynine Records
2009 Агнозија Enterprise Records
2012 Melancholic Machine Sixtynine Records
2015 Јас сум земја Sixtynine Records
2018 I Am Dirt Sixtynine Records

Турнеи[уреди | уреди извор]

  • 2009 "Dirty Old Exit Mini Tour" (Србија, Хрватска)
  • 2012 "Melancholic Balkan Tour" (Македонија, Србија, Хрватска, Словенија)
  • 2012 "Melancholic European Tour" (Македонија, Бугарија, Романија, Србија, Хрватска, Унгарија, Чешка, Германија)
  • 2013 "We Come From The Ass Of Europe Tour" (Србија, Унгарија, Словачка, Чешка, Полска, Германија, Швајцарија, Франција, Италија, Босна, Бугарија, Грција)
  • 2015 "Filthy Summer Tour" (Србија, Хрватска, Словенија, Германија, Белгија, Холандија, Чешка, Словачка)
  • 2015 "September/October Mini Tour" (Бугарија и Грција)
  • 2016 "Sorry for the mess tour" (Србија, Словенија, Италија, Германија, Швајцарија, Франција, Шпанија, Португалија, Чешка, Словачка, Австрија)
  • 2018 "Germany Spring Tour" (Германија)

Позначајни "big-scene" настапи[уреди | уреди извор]

  • 2009 “EXIT” (Србија)
  • 2009 “Dirty Old Festival” (Хрватска)
  • 2010 “Аларм” (Македонија)
  • 2012 “Grr Fest” (Хрватска)
  • 2015 “D Festival” (Македонија)
  • 2017 “FFUD Fest” (Словачка)

Официјални видео записи[уреди | уреди извор]

Официјални видео-спотови (подредени по објавувања) се следните: „Брза Фонија“, „Омраза“, „Парада“, „Агнозија“, „Допир“, „Таму Живеам“, „Надреални Приказни“, „Кауч Крал“, „Јади од лешот свој“, „Отров“. Еден од најпознатите - видео-спотот за песната „Агнозија“ - е во режија на Александар Русјаков а е снимен од страна на Бранд Феро. Останатите се во режија на Филип Тасевски - Fitz aka Feetz и самиот бенд.

Музика за филм[уреди | уреди извор]

Новиот Почеток ја отсвиреа музиката за македонскиот филм „Панкот не е мртов“ на Александар Блажевски, компонирана од Александар Пејовски. Исто така, нивната песна „Агнозија“ се најде во филмскиот омнибус Skopje Remixed.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]