Новинска патка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жители на Месечината, серија од шест написи во Њујорк сан за откритие на цивилизација на овој сателит, издадена 1835. и лажно припишана на тогаш широко познатиот математичар и научник сер Џон Хершел.

Новинска или новинарска паткажаргонски израз за дезинформација, односно намерно фалсификувана, лажна вест.

Пред појавата на брзи начи на комуникации и можности за проверка, во печатот кај непотврденит вести на крајот на текстот се додавала ознака n.t., според латинскиот израз non testatum (непроверено).[1]

Има повеќе теории за тоа како настанал терминот новинаска патка. Најпозната е дека во германскиот весник Келнише цајтунг уредникот на слагачот му диктирал непроверен текст.[2] Според тогашната практика, уредникот на крај рекол и ен-те (мислејќи на латинскиот n.t.), што слагачот го запишал какао енте (германски збор за патка). Подоцна се испоставило дека таа вест навистина била неточна, па затоа зборот „патка“ во новинарскиот жаргон се користи и за секоја друга неточна вест.[2]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. „Die n.t.-Ente“. Zeit Online. Посетено на 25 февруари 2013.
  2. 2,0 2,1 „Како је настала новинарска патка?“. РТВ Тузланског Кантона. Посетено на 25 февруари 2013.