Нишалка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нишалки во детски парк во Ново Село
Нишалка на трем

Нишалка[1][2], лулашка[3][4] или крлашка[5] — висечки направа за нишање кој се состои од седиште прикачено на гранка, греда или друга потпора.[6] Најчесто ги има во паркот каде што децата и постарите можат да се лулаат на нив. Седиштето за лулање обично е направено од дрво, но може да биде направено и од други материјали за да се направи поудобно нишањето. Нишалките можат да бидат опасни доколку дојде до паѓање од нив поради премногу наведнување напред или назад или заплеткување на јажето. Затоа, тие може да имаат дополнителна ограда што го спречува паѓањето на лицето што се ниша.

Тие можат да се наоѓаат во внатрешноста на куќата или станот, а нивната намена може да биде иста (нишање) или одлагање на облека, книги, цвеќиња или други работи.[7]

Обичаи[уреди | уреди извор]

За Ѓурѓовден, на плодно дрво се закачувала нишалка и после ручек девојките редум се нишале на неа и пееле ѓурѓовденски песни.[8][9][10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „нишалка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „нишалка“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „лулашка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „лулашка“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „крлашка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  6. Речник српскога језика. Нови Сад: Матица српска. 2011. стр. 647.
  7. Kuzmanović, Sofija (23. 8. 2019). „Ljuljaška u sobi,zašto da ne?“. Zena.rs (српски). Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  8. „Адети и песни кои се пееле за празникот Св.Ѓорѓија (Ѓурѓовден) во Мијачијата“. Тресонче. Архивирано од изворникот на 2023-03-20. Посетено на 20 март 2023.
  9. „ОБРЕДИ И ПЕСНИ ПОВРЗАНИ СО ПРАЗНУВАЊЕТО НА ЃУРЃОВДЕН ВО ПИЈАНЕЧКО-МАЛЕШЕВСКИОТ КРАЈ И ВО РАДОВИШКО ПОЛЕ“ (PDF). УКИМ. Посетено на 20 март 2023.
  10. „Празнувањето на Ѓурѓовден во Козица – многувековна традиција“. Нова Македонија. Посетено на 20 март 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]