Ново Село (Серско)

Координати: 41°3′N 23°34′E / 41.050° СГШ; 23.567° ИГД / 41.050; 23.567
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Нихор (Серско))
Ново Село
Νεοχώρι
Ново Село is located in Грција
Ново Село
Ново Село
Местоположба во областа
Ново Село во рамките на Довишта (општина)
Ново Село
Местоположба на Ново Село во Општина Довишта и областа Централна Македонија
Координати: 41°3′N 23°34′E / 41.050° СГШ; 23.567° ИГД / 41.050; 23.567
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски округ
ОпштинаДовишта
Општ. единицаСтрума
Надм. вис.&1000000000000001400000014 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно604
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Ново Село или Нихор (грчки: Νεοχώρι, Неохори)[2] — село во Општина Довишта во Серскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 6 километри југоисточно од градот Сер и на 14 километри источно од Довишта, на надморска височина од 2 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 92 жители цигани[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 180 Македонци и 48 цигани[4][5]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 272 македонски гркомани, 18 Албанци и 54 цигани[4][6].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 148 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 81 жител[7].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1930 година, селото било преименувано во Паралимнион[8].

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαρμουσακλή - Νεοχώρι
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 124-125.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 176.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201.
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 64.
  8. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]