Ниризините
Изглед
Ниризините | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°0′N 22°23′E / 41.000°N 22.383°E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки |
Општина | Пајонија |
Општ. единица | Гуменџе |
Надм. вис. | 685 м |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Ниризините — поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија во областа Централна Македонија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало во падините на планината Пајак, околу 2 км североисточно од селото Баровица.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Ниризините било мало македонско село кое се распаднало пред основањето на Баровица. Според сознанијата на Тодор Симовски, кон крајот на XX век сѐ уште постоеле видливи остатоци од некогашни градби и гробишта.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 63.
|