Нинослав Марина
Нинослав Марина | |
---|---|
Роден(а) | Нинослав Марина септември 25, 1974 Скопје, Македонија |
Полиња | Математика, теорија на информации |
Установи | Принстонски универзитет EPFL Универзитет во Осло Хавајски универзитет Нокија |
Образование | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ |
Теза | „Последователно декодирање“ (2004) |
Докторски ментор | Биксио Римолди |
Нинослав Марина (Скопје, 25 септември 1974) — ректор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле од Охрид.
Биографија
[уреди | уреди извор]По завршувањето на студиите на Факултетот за електротехника при УКИМ во Скопје, докторската дисертација ја одбранил на Федералната школа за политехника од Лозана во 2004 година. Докторскиот труд на Марина се однесува на примената на информатичката теорија во безжичните комуникации, а истиот е реализиран во партнерство со „Истражувачкиот центар на Нокиа“ Архивирано на 26 август 2014 г. во Хелсинки. Од 2005 до 2007 година, Нинослав Марина работи како директор за истражување и развој во „Совун технологии“ (Sowoon Technologies). Од 2007 до 2008 година, Марина работи како визитинг истражувач на „Универзитетот на Хаваи“ (University of Hawaii) во Маноа. Во 2008 и 2009 година, Марина работи како пост-докторски истражувач на „Универзитетот во Осло“ (University of Oslo). Во периодот 2010 до 2012 година, Нинослав Марина е визитинг пост-докторски истражувач соработник на „Универзитетот Принстон“ (Princeton University Архивирано на 26 јануари 2014 г.), и сè уште ја има споменатата позиција.
Научни достигнувања
[уреди | уреди извор]Професор Марина држел предавања на дваесет универзитети низ светот, вклучувајќи ги САД, Јапонија, Велика Британија, Израел, Русија, Бразил, Хонгконг, Норвешка, Финска, Португалија и Чешка. Марина бележи одлични постигнувања и искуство во обезбедување на пристап до финансиски средства преку користење на јавни инструменти за финансирање на комерцијални и научни истражувачки проекти, како: „Швајцарската комисија за технологија и иновации“ Архивирано на 4 септември 2014 г.; „Швајцарската национална фондација за наука“; „Европската комисија“ и „Европската вселенска агенција“. Марина бил ангажиран како експерт за евалуација и рецензент во рамките на 6-тата и 7-мата рамковна програма на Европската комисија. Д-р Марина е член на „Институтот за електро и електронички инженери“ (Institute of Electrical and Electronics Engineers - IEEE), и е еден од соосновачите на „Македонската секција на Друштвото за теорија на информации“ при Институтот за електро и електротехнички инженери.