Нимфоманија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Нимфоманија — појава која предизвикува претерани сексуални нагони кај жените. Жените кои боледуваат од нимфоманија ретко стапуваат во врска, бидејќи нивната претерана сексуална желба ги принудува постојано да бараат нови партнери или начини за задоволување на своите сексуални потреби.[1]

Главни одлики кај нимфоманијата се зголемената потреба за секс, чести оргазми и желба за повеќе секс. Оваа појава психијатрите ја сметаат за психичко нарушување, но понекогаш нимфоманијата може да биде и почетен симптом на некое друго ментално заболување. Овие жени не се во можност да доживеат сексуално задоволство со ниеден маж, па поради тоа користат разни методи на сексуално задоволување, како мастурбација, хомосексуалност, оргии и слично. Чести се случаите лицата кои страдаат од нимфоманија да се наведуваат на проституција. Нимфоманијата може да се препознае од стручните лица и се смета за ментално заболување проследено со други симптоми.

Нимфоманијата како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Што е нимфоманија и како да препознаете нимфоманка“. Архивирано од изворникот на 2013-12-23. Посетено на 2013-12-05.
  2. МКЦ, „Пази се! Доаѓа Cinedays 13. 13-22 Ное.“, Скопје, 2014, стр. 43.