Прејди на содржината

Нимфејски договор (1214)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нимфејски договор
{{{image_alt}}}
Латиснкото Царство
Потпишандекември 1214 г.
МестоНимфеја
Потписници

Нимфејскиот догоров (грчки: Συνθήκη του Νυμφαίου) бил мировен договор потпишан во декември 1214 година помеѓу Никејското Царство, држава наследничка на Византија и Латинското Царство, кое било воспоставено како последица на Четвртата крстоносна војна од 1204 година.

Позадина

[уреди | уреди извор]

По Четвртата крстоносна војна, Балдуин Фландриски бил избран за цар на Латинското Царство, и му било признато дека има не само дел од Константинопол (остатокот им бил даден на Венецијанците), туку и северозападниот регион на Мала Азија,[1] иако признавањето на суверенитетот не значело вистинска контрола на територијата. Царот требало да ја изврши таа контрола, ако е потребно и со сила и со оружје. По Четвртата крстоносна војна, Боалдуин бил окупиран со настани во Тракија, и подоцна бил заробен од Бугарите во Битката кај Одрин во април 1205 година.[1] Мала Азија била игнорирана од Латините, со што му се давало слободен простор на Теодор Ласкарис, кој се прогласил за цар и се наоѓал во Никеја, да ја консолидира својата моќ, и да го насочи своето внимание кон Иконискиот Султанат во тоа време.

Братот на Боалдуин, Хенрих, го презел Латинското Царство, и започнал операции против Никејското Царство кон крајот на 1206 година, но тоа биле само мали ангажмани додека Хенрих не го насочи своето внимание во 1211 година.[1] На 15 октомври истата година, Хенрих извојувал голема победа кај реката Риндакус и напредувал кон Пергам и Нимфеј, но герилската војна од страна на Теодор го ограничила понатамошниот напредок на Хенрих.[1] Поради исцрпување на двете страни, меѓу двајцата цареви бил потпишан Нимфејскиот договор, со што бил запрен латинскиот напредок во Мала Азија. Латинските поседи биле ограничени на северозападниот дел на Анадолија, и ги опфаќале бреговите на Витинија и поголемиот дел од Мизија.

Последици

[уреди | уреди извор]

Иако двете страни продолжиле да се борат во наредните години, имало некои важни последици од овој мировен договор. Прво, мировниот договор ефективно ги признал двете страни, бидејќи ниту едната не била доволно силна да ја уништи другата. Втората последица од договорот била дека Давид Комнин, кој бил вазал на Хенрих, и кој ја водешел сопствената војна против Никеја со поддршка на Латинското Царство, сега всушност ја загубил таа поддршка. Така, Теодор можел да ги припои сите земји на Давид западно од Синопа кон крајот на 1214 година, со што добил пристап до Црното Море. Третата последица била тоа што Теодор сега бил слободен да води војна против Селџуците без да го одвлекува вниманието на Латините. Никеја успеала да ја зацврсти својата источна граница до крајот на векот. Непријателствата избувнале повторно во 1224 година, а уникатна победа на Никеја во Втората битка кај Поиманенон ги намалила латинските територии во Азија ефективно само на полуостровот Никомедија. Овој договор им овозможил на Никејците да тргнат во офанзива во Европа години подоцна, што кулминирало со повторното освојување на Константинопол во 1261 година.[1]

  • Ostrogorsky, George (1969). History of the Byzantine State. New Brunswick, New Jersey: Rutgers University Press. ISBN 0-8135-1198-4.