Нико Буклевски
Изглед
Нико Буклевски (Кичево, 15 октомври 1923), македонски филмски работник - снимател.[1]
Уште од најраната младост се занимава со фотографија, така што по завршувањето на средното образование станува професионален фотограф.
По формирањето на „Вардар филм“, на 1 септември 1948 година се вработува во оваа продуцентска куќа и по тримесечна обука ја започнува својата снимателска кариера. Од 1953 година добива статус на слободен филмски работник. Меѓутоа, намаленото филмско производство во тој период го принудува да се врати на својата првична професија, фотографијата, со којашто се занимава сè до своето пензионирање.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Културно-просветната заедница на Македонија, Zaednica na rabotničkite kulturno-prosvetni organizacii (Macedonia). Glavni odbor (1987). Kulturen život (32. изд.). Културно-просветната заедница на Македонија.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |