Никос Чаусидис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Никос Чаусидис
Роден(а)17 јули 1959
Ташкент, СССР
ЗанимањеАрхеолог, професор

Никос Чаусидис (17 јули 1959, Ташкент, поранешен СССР) е археолог и професор кој живее и работи во Скопје.

Во 1984 г. дипломирал на Филозофски факултет - катедра за историја на уметноста со археологија. Од 1 јануари 1986 г. работи на Институтот за историја на уметноста со археологија како помлад асистент, а подоцна како доцент и професор.

Во 1986 г. се запишува на постдипломски студии по археологија на истиот факултет. Ги завршува во 1992 г. со одбрана на магистарскиот труд под наслов: „Паганската религија на Јужните Словени и нејзиниот одраз во нивната материјална култура”. Истата година е избран во звање асистент по предметот Музеологија и конзервација. Во 2002 година се здобил со звањето доктор на археологија (наслов на дисертацијата: Рано-средновековните двоплочести фибули и претхристијанската духовна култура на Словените" одбранет на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за историја на уметноста и археологија).

Во функција на стручен раководител, автор на елаборатот и на најголем дел од текстовите на проектот „Македонски древности”, од кој е изработен компакт диск (CD) во кој преку текст, слика, филм, компјутерски анимации, музика и говор претставена е културната историја на почвата на Република Македонија и нејзиното поблиско окружување, од предисторијата до крајот на XIV век.[1]

Автор е на следните трудови:

„Митските слики на Јужните Словени“ (Скопје, 1994)

„Дуалистички слики - богомилството во медиумот на сликата“ (Скопје, 2003)

„Космолошки слики: симболизација и митологизација на космосот во ликовниот медиум“ (Скопје, 2005)

„Музеологија, Скопје: Филозофскси факултет, 2012 (универзитетски учебник);

„Проектот Скопје 2014: скици за едно наредно истражување“ (Скопје, 2013) (електорнско издание)[2].

„Македонските бронзи и религијата и митологијата на железнодобните заедници од Средниот Балкан“ (Скопје, 2017)[3]

Соавтор:

„Македонија - културно наследство“ (Скопје, 1995)

„Неолитски антропоморфни предмети во Република Македонија“ (Скопје, 2011) (во соавторство со Г. Наумов)[4];

Автор е на над 100 научни публикации, објавени во стручни списанија и зборници во Македонија и странство.

  1. „Македонско археолошко научно друштво“. www.mand.org.mk. Посетено на 2019-10-23.
  2. „ПРОЕКТОТ СКОПЈЕ 2014 – СКИЦИ ЗА ЕДНО НАРЕДНО ИСТРАЖУВАЊЕ | okno.mk“. okno.mk. Посетено на 2019-10-23.
  3. „Центар за истражување на предисторијата | ЦИП“. www.cip-cpr.org. Посетено на 2019-10-23.
  4. „Neolithic anthropomorphic objects in the Republic of Macedonia - Goce Naumov, Nikos Čausidis“. Issuu (англиски). Посетено на 2019-10-25.