Никол Шерзингер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Никол Шерзингер
Nicole Scherzinger
Биографски податоци
Родено имеНикол Пресковиа Еликолани Валиенте Шерзингер
Роден(а)29 јуни 1978
Хонолулу, Хаваи, САД
ЖанровиПоп, Р&Б
Занимањапејачка, текстописец, танчерка, модел
Период на активност1999–сегашност
ИздавачиInterscope
СоработнициPussycat Dolls
Мреж. местоnicolescherzingermusic.com

Никол Пресковиа Еликолани Валиенте Шерзингер[1][2] (родена на 29 јуни, 1978 год. во Хонолулу, Хаваи, САД) е американска пејaчка, текстописец, танчерка, актерка и модел која е најмногу позната како главен пејач на групата Pussycat Dolls.

Претходно, Шерзингер била позната како бек-вокал на рок групата Days of the New во доцните 1990ти, кога и во исто време била дел од женска група наречена Eden's Crush. По распаѓањето на групата, таа се приклучила на Pussycat Dolls и станала нивен главен вокалист за време на нивната имплементација на светскиот музички пазар. Заедно со групата, таа издала два албума PCD и Doll Domination, притоа промовирајќи ги на повеќе светски турнеи.[3] Во декември 2010 година доаѓа до распаѓање на групата и притоа Шерзингер започнува соло кариера. Во март 2011 го издава и нејзиниот прв соло албум Killer Love.[4]

Шерзингер е и победник на десетта сезона на Dancing with the Stars во рана 2010.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Nicole Scherzinger's entry on the Singers of Filipino Heritage Page (See "Biography" section) Accessed 1-17-2010.
  2. Andrew Williams (2007-11-05). „60 Seconds: Nicole Scherzinger“. metro.co.uk. конс. 2010-12-25. 
  3. Apar, Corey. „Nicole Scherzinger > Biography“. Allmusic.Macrovision. конс. 2010-06-14. 
  4. Copsey, Robert (2010-03-02). „Nicole Scherzinger Unveils Album Details“. Digital Spy (Hachette Fillapaachi Medias). конс. date=2010-03-02. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Награди и достигнувања
Претходник
Дони Озмонд и Ким Џонсон
Dancing with the Stars (САД) победник
10 сезона (Пролет 2010 with Дерек Хаг)
Наследник
Џенифер Греј & Дерек Хаг