Никола Стојановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Стојановски
Роден 1 мај, 1927 година
Делчево, Македонија
Починал 16 април, 1945 година
Врпоље, Хрватска

Никола Иванов Стојановски (1 мај 1927 во Делчево16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По свршувањето на основното училиште продолжил да учи во Трговската академија, откако семејството се доселило во Скопје. Во ноември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. По извршувањето на доверените воени задачи во Македонија, со Бригадата заминал за Војводина. Неговото учество на Сремскиот фронт било кратко. По пробивот на фронтот загинал на 16 април 1945 година во големата и крвава борба против Германците и усташите кај Врпоље во Хрватска.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 135. На |first= му недостасува |last= (help)