Никола Смилков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Никола Смилков e роден на 26 октомври 1973 година во Штип. Основно училиште завршил во Штип, а средното образование во Скопје. Во 1999 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Истата година се запишал на магистерски студии на истиот факултет во Скопје, каде што магистрирал во 2002 година. Докторските студии ги продолжил на Педагошкиот факултет, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола каде што во 2012 годна докторирал и се стекнал со диплома доктор по педагошки науки од областа методика.

Од 1999 до 2000 г. работи како професор по предметот ликовна култура во ДСТУ “ Димитар Мирасчиев” во Штип. Од 2000 до 2002 г. работи како наставник во О.У “Гоце Делчев“ во Штип по предметот ликовно образование. Во 2004 е избран во звањето Доцент на Педагошки факултет “Гоце Делчев“ при Универзитетот Св.„ Кирил и Методи“ – Скопје, a во 2009 г. е избран во звањето вореден професор[1].

Во организациска - развојна дејност на Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип активно учествува во повеќе комисии. Член е на првиот состав на Универзитетски сенат на Универзитетот “ Гоце Делчев “ - Штип.

Во 2009 г. е избран за Продекан за настава на Педагошки факултет при Универзитетот „ Гоце Делчев“-Штип а од 2011 ја раководи функцијата Декан[2] на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Никола Смилков автор е на повеќе монументални дела, а има реализирано и повеќе самостојни и групни изложби во земјата и странство[3].



Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]