Никола Симеонов Андреев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Nikola andreev.JPG
Роден 1879
Починал 11 август 1911

Никола Симеонов Андреев, познат како Алај беј и Кољо Мокренски (1879-1911) — македонски револуционер, костурски војвода и член на Македонската револуционерна организација.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Здружените костурски чети на војводите Васил Чекаларов, Иван Попов, Пандо Кљашев, Никола Симеонов Андреев и Манол Розов по преземањето на Клисура.

Никола Симеонов Андреев бил роден во 1879 година, во селото Мокрени, Костурско. Завршил гимназија во Варна, Бугарија, и стапил во бугарската воена служба. По професија бил учител и новинар. Во 1902 година бил назначен за војвода на чета во Костурско.

За време на Илинденското востание учествувал во заземањето на Невеска и Клисура, заедно со здружените костурски востанички чети. По востанието заминал во Бугарија, но во 1904 година, повторно се вратил во Костурско и дејствувал како војвода на чета до 1907 година.

За време на Младотурската револуција во 1908 година, се повлекол и работел како учител во родното село, но во 1910 година, повторно ја продолжил борбата против турската власт во Македонија.

Убиен е на 11 август 1911 година, од свој соселанец, Турчето.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 11
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, Софија, 2001, стр. 9.