Никола Павлев Николовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Никола Павлев Николовски (прекар Митре) ( 1926 во Дебарско1944 во Добри Дол (Скопско)) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Во родното село бил принуден да се занимава со земјоделство и сточарство. Тешките услови за живот го принудиле да се досели во Скопје со надеж на подобар живот. Во Скопје работел како општ работник. Учествувал во разни акции за помош на вооруженото востание против окупаторот. На 5 септември 1944 година стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил борец во втората чета на четвртиот баталјон. Се одликувал со скромност и совесност. Во една борба на бригадата против балистичките банди, бил убиен во месноста Добри Дол.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 225. На |first= му недостасува |last= (help)