Прејди на содржината

Никола Мушанов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Мушанов
Пратеник во бугарското собрание
На должноста
22 април, 1902 – 31 март, 1903
Монарх Фердинанд I
Премиер Стојан Данев
На должноста
15 јуни, 1908 – 15 февруари, 1911
Монарх Фердинанд I
Премиер Александар Малинов
На должноста
19 декември, 1913 – 23 август, 1944
Монарх Фердинанд I
Борис III
Симеон ІІ
Премиер
Премиер на Бугарија
На должноста
12 октомври, 1931 – 19 мај, 1934
Монарх Борис III
Претходник Александар Малинов
Наследник Кимон Георгиев
Лични податоци
Роден(а) Никола Стојков Мушанов
12 април, 1872
Дрјаново, Кнежевство Бугарија
Починал(а) 10 мај, 1951 (возр. 79)
Софија, Народна Бугарија
Почивалиште Централни софиски гробишта
Сопружник Рајна Мушанова

Никола Мушанов, роден Никола Стојков Мушанов (Дрјаново, 12 април 1872Софија, 10 мај 1951) — истакнат адвокат и политичар од Бугарија. Еден од главните водачи на Демократската партија на Бугарија во првата половина на XX век. Тој бил премиер на Бугарија со три мандати помеѓу 1931 и 1934 година. Тој служел како пратеник во 12-от, 14-от, 16-от, 17-от, 18-от, 19-от, 21-от, 22-от, 23-от, 24-от и 25-от состав на бугарското собрание.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Никола Стојков Мушанов е роден на 12 април 1872 г. во градот Дрјаново. Неговите родители биле Стојчо Колев Мушанов и Јона Станева.[1]

Никола Мушанов завршил за право во градот Екс ан Прованс, Франција, во 1893 година. Следните години, Мушанов се вработува како судија и обвинител во Стара Загора и Варна (18931896) и адвокат во Русе (18971908). Се вклучува во Демократската партија и е министер за образование и наука (19081910) и министер за внатрешни работи (19101911) во првата и втората влада на Александар Малинов.

Покрај крајот на Првата светска војна, меѓу 21 јуни 1918 и 7 мај 1919 година, е министер на обштествените згради, патиштата и благоустројството, министер за железниците, пошта и телеграфите и министер за внатрешни работи и народното здравје во владите на Александар Малинов и Теодор Теодоров. Заедно со многу други водачи на опозицијата спрема владата на Бугарскиот земјоделски народен сојуз, тој е испратен во затвори во 1922 г. После ослободувањето тој се приклучува во крилото на Демократската партија коешто не се вклучува во Демократскиот договор.

Во 1931 г. влегува во владата како дел од Народниот блок како министер на внатрешни работи и народното здравје, како на 12 октомври истата година предводил владата и ја исполнувал таа должност се до државниот удар во 10 мај, 1934 г. Мушанов бил против приклучувањето на Царството Бугарија во Силите на оската.[2] Според бугарската историографија Мушанов учествувал во кампањата за спасувањето на бугарските евреи.

Мушанов учествува во владата на премиерот Константин Муравиев, коешто прави последен обид да избегне навлегувањето на црвената армија на Советскиот сојуз во Царството Бугарија, за коешто е осуден од т.нар. „Народен суд“ за 1 година во затвор. Помилуван и ослободен за време на изборите во есента 1945 година, тој повторно се приклучува во Демократската партија.[3] Во 1947 г. е интерниран во Трново, а во 1949 г. – во село Заград.

Во почетокот на мај 1951 г. повторно е уапсен и интерниран за врски со забранетите опозициони партии и последователи на Трајчо Костов. Умира на 21 мај во кабинетот на еден од лекарите во главната зграда на Државна сигурност, како официјалната дијагноза било наведено „руптура на срцето“.[4]

Никола Мушанов бил женет со Рајна Мушанова.

Во негова чест, еден булевар во Софија го носи неговото име.

  1. В автобиографията си Никола Мушанов посочва, че е роден на Сирни Заговезни 1871 или 1872 г., но е възприел кръщелната си дата 2 април 1872 г. за рождена. Мушанов, Никола. Дневник. Спомени. Автобиография. Съставителство и бележки: Нина Киселкова със сътрудничеството на Сузана Хазан. София, „Изток-Запад“, 2017. ISBN 978-619-01-0117-8. с. 514
  2. България 20 век: Алманах. София: ИК „Труд“. 1999. стр. 100. ISBN 954-528-146-4.
  3. Недев, Недю (2007). Три държавни преврата или Кимон Георгиев и неговото време. София: „Сиела“. стр. 691. ISBN 978-954-28-0163-4.
  4. Огнянов, Любомир (2008). Политическата система в България 1949 - 1956. София: „Стандарт“. стр. 175. ISBN 9789548976459. no-break space character во |title= во положба 38 (help)