Никола Матовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Матовски
Роден 22 јули 1939
Скопје, Кралство Југославија
Починал 4 февруари 2016
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање правник
професор

Никола Матовски (роден на 22 јули 1939 година во Скопје - починал на 4 февруари 2016 година во Скопје) — македонски правник и универзитетски професор.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Матовски завршил гимназија во 1957 година и дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1961 година, каде што бил избран за асистент по предметот Кривично процесно право со криминалистика (1964), потоа за предавач (1969), за вонреден (1979) и за редовен професор (1985). Магистрирал на Правниот факултет во Загреб (1967), а докторирал на Правниот факултет во Скопје, на тема „Улогата на бранителот во кривичната постапка“ (1977). Во мај 2004 година се пензионирал.

Бил декан на Правниот факултет во Скопје (1985–1987) и претседател на Здружението на Обединетите нации за РМ (1991–2001). Објавил повеќе научни и стручни трудови во домашни и во странски списанија од областа на кривичното процесно право.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Матовски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 930. Text "series " ignored (help)