Никола Кочовски
| Никола Кочовски | |
|---|---|
| Роден/а | 1 декември 1933
Битола, Вардарска Бановина, Кралство Југославија |
| Починат/а | 11 март 2023 (возраст: 89) Битола, Македонија |
| Занимање | Писател |
| Националност | Македонец |
| Народност | Македонец |
| Апсолвент на | Филозофски факултет - Скопје |
Никола Кочовски (Битола, 1 декември 1933 - Битола, 11 март 2023 ) — македонски раскажувач, романописец и драмски писател.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Кочовски е роден на 1 декември 1933 година во Битола. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како професор. Тој станал член на Друштвото на писателите на Македонија во 1973 година. Бил уредник на весникот на ДПМ, „Стожер“, и на битолскиот „Развиток“.[2]
Починал во Битола на 11 март 2023 година.[3]
Творештво
[уреди | уреди извор]Автор е на книгите:
- Малата Билја (два тома, роман, 1969, 1970),
- Зарезготини (раскази, 1970),
- Вознемирена совест (раскази, 1974),
- Бреме (роман, 1981),
- Дичовица млада невеста (драма, 1984),
- Родната грутка (раскази, 1995),
- Без свое јато (роман, 1999),
- Исконскиот дар (роман, 1999),
- Омразениот цвет (роман, 2000).
Неговите романи и раскази се одликуваат со нагласок на психолошкото. Пишувал за современиот живот, за нашето минато, за печалбарството… Објавувал во речиси целата македонска книжевна периодика и пошироко од неа. Пишувал и критики.[2]
Награди
[уреди | уреди извор]Добитник е на наградата: „4 Ноември“ на градот Битола за романот „Бреме“.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 128.
- 1 2 3 „Никола Кочовски“. Македонско научно друштво - Битола. 4 март 2012. Посетено на 17 септември 2025.
- ↑ „In meroriam – Никола Кочовски (1.12.1933 – 11.3.2023)“. Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ (Битола). 11 март 2023. Посетено на 17 септември 2025.