Никола Калиниќ (кошаркар)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Калиниќ во тимот на Фенербахче

Никола Калиниќ (Суботица, 8 ноември 1991) е српски кошаркар. Тој настапува на позициите крило и крилен центар, а моментално игра за составот на Црвена ѕвезда. Тој е син на поранешниот југословенски пингпонгар Зоран Калиниќ.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Сениорската кариера на Никола Калиниќ започнала во кошаркарската екипа на Спартак од родниот град Суботица. Сезоната 2010/11 ја поминал во екипата на Нови Сад, а потоа две години настапувал и за кошаркарскиот клуб на Војводина Србијагас.

Во екипата на Војводина во сезоната 2012/13, настапил на 16 натпревари во српската Суперлига, постигнувал во просек по десет поени, четири скока, две асистенции, за просечни 25 минути поминати на теренот на секој натпревар (имал просечен индекс на корисност 11,3). Вклучувајќи ја и Кошаркарската лига на Србија, тој одиграл 42 натпревари за Нови Сад.[1]

Во месец јули 2013 година потпишал едногодишен договор со екипата на Раднички од Крагуевац.[1] Тој го носел дресот на Раднички во сезоната 2013/14. Во АБА лигата (Јадранска лига или Адриатик лига) имал во просек 6,4 поени и 4 скока, додека во Еврокупот 10,2 поени и 3,5 скока по натпревар.

Црвена ѕвезда[уреди | уреди извор]

Во месец јули 2014 година тој потпишал тригодишен договор со екипата на Црвена ѕвезда.[2]

Во текот на сезоната 2014/15 во Евролигата, Никола Калиниќ на 24 натпревари постигнувал во просек по 9,2 поени, 3,9 скока и две асистенции. Со процент на удар за три поени од 35,5% бил најдобар во тимот кој стигнал до Топ 16 фазата од елитното натпреварување. На гостувањето против кошаркарскиот клуб на Галатасарај, во првата фаза од натпреварувањето, постигнал 21 поен (3/5 за удари за три поени), што бил негов личен рекорд во тоа време во најквалитетното клупско натпреварување на Стариот континент.[3]

Со 12,3 поени во просек бил најдобар стрелец на тимот при освојувањето на Купот Радивоје Кораќ. Тој натпревар се одиграл во Ниш. Во финалето против екипата на Мега Лекс (80:74) постигнал 17 поени, пет скока, две асистенции и украдени топки (украдени топки се мисли на прекинат напад на противникот и освојување на топката).[3]

Во лигашкиот дел од Јадранската лига 2014/15 (АБА), екипата на Црвена ѕвезда го заземала првото место со сооднос на победи и порази од 24:2, а Никола Калиниќ забележувал по четири скока и 9,8 поени. Во полуфиналната серија од плејофот против екипата на Партизан, тој одиграл забележителни натпревари. Во третиот натпревар постигнал 25 поени, осум скока и две блокади (удар за два поени 6/7, тројки 3/3) со што го предводел тимот до победа од 95:85.[4] Серијата била добиена со конечни 3:1 во победи, а Калиниќ постигнал 10 тројки од 15 обиди во тие вкупно четири натпревари.[3] Со истиот резултат била добиена финалната серија против составот на Цедевита, а Никола во плејофот просечно постигнувал по 11,6 поени, 4,5 скока, 1,8 асистенции, 1,38 украдени топки и 1,25 блокади.[3]

Составот на Црвена ѕвезда го освоил првото место во лигашкиот дел од српската Суперлига. Просекот на Калиниќ бил од девет поени, 3,4 скока, 1,9 асистенции и 1,54 украдени топки. Во плеј-офот на домашното првенство постигнал 24 поени на возвратниот натпревар од полуфиналето против составот на Мега (90:89),[5] а подоцна во вториот натпревар од финалето на истото натпреварување против екипата на Партизан, тој со скок, а подоцна и со постигнување на поени по промашувањето на противничкиот играч Митровиќ од линијата за слободни фрлања ѝ донел победа на својата екипа од 72:69.[6] На тој натпревар постигнл 12 поени, девет скока и шест украдени топки. Екипата на Црвена ѕвезда во тоа финале прославила со максимален резултат 3:0 во победи, што ја довело до титулата шампион на Србија и тоа без ниту пораз. Тоа била прва титула од таков вид по цели 17 години.[7] Никола заедно со соиграчот Цирбес биле најдобари стрелци во плејофот со просек од 12,4 поени. Притоа имал и 5,4 скока и 1,40 украдени топки во просек на секој натпревар.[3]

Странски земји[уреди | уреди извор]

На 31 јули 2015 година биле потврдени повеќеседмичните шпекулации за трансферот на Никола Калиниќ во екипата на Фенербахче од Истанбул. Со оглед на тоа што Калиниќ бил под важечки договор, со екипата на Црвена ѕвезда, белградскиот тим добил оштета од составот на Фенербахче во износ од дури еден милион евра, со што овој трансфер станал највредниот трансфер во историјата на клубот од Малиот Калемегдан.[8]

Никола Калиниќ наредните пет сезони ги поминал во екипата на Фенербахче. Учествувал во освојувањето на Евролигата во сезоната 2016/17. Покрај тоа, двапати загубил во финалето на ова натпреварување (2015/16, 2017/18). Во домашните натпреварувања освоил три титули во турското првенство, како и три трофеи во Купот и два во турскиот Суперкуп.

Во месец јули 2020 година Калиниќ потпишал едногодишен договор со шпанската екипа Валенсија.[9]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Со помладите селекции на репрезентацијата во 2013 година освоил сребрен медал на Средоземните игри и бронзен медал на Универзијадата.

За сениорската репрезентација на Србија прв пат настапил на Европското првенство во 2013 година во Словенија. Тогашниот селектор Душан Ивковиќ го вклучил на поширокиот список, што за многумина било изненадување. Сепак, со својата работа и добри игри успеал да се пробие помеѓу 12те играчи кои настапувале во Словенија. Иако не бил главна опција во нападот, поради одличната игра во одбрана на секој натпревар на паркетот минувал по преку 20 минути.[10]

Наредната година, на Светското првенство во Шпанија, тој бил уште позабележителен. Успеал да влезе во првата петорка, а особено се истакнал во осминафиналето против составот на Грција, кога постигнал 12 поени и имал две спектакуларни забивања во кошот.[11] Едно од нив е избрано за најдобро забивање, како и втор најдобар потег на целото првенство[12] во кое српската репрезентација успеала да освои сребрен медал. Тој имал многу забележлива улога и во финалето против составот на САД. На тој натпревар погодил перфектни 7/7 во удар за два поени и постигнал вкупно 18 кошеви, па така заедно со соиграчот Немања Бјелица бил најефикасниот српски играч во тој дуел.[13] Првенството го завршил со просечен резултат од 7,2 поени и 1,9 скока по натпревар,[14] а го имал најдобариот процент на удар за два поени (76% или 19/25) и за три поени (62,5% или 5/8) во српскиот тим.

За репрезентацијата настапил и на Европското првенство во 2015 година, каде го освоил четвртото место. Наредната 2016 година, тој бил дел од тимот кој освоил сребрен медал на Олимписките игри во Рио.[15] Никола го пропуштил Европското првенство во 2017 година поради повреда.[16] Со одлука на селекторот Ѓорѓевиќ не се нашол на конечниот список на играчи за СП 2019 година кое се одржало во Кина.[17]

Успеси[уреди | уреди извор]

Клупски успеси[уреди | уреди извор]

  • Црвена звезда:
    • Освоено е Српското првенство: 2014/15.
    • Освоена е Јадранската лига: 2014/15.
    • Освоен е Купот Радивоје Кораќ: 2015
  • Фенербахче:
    • Освоена е Евролигата: 2016/17.
    • Освоено е Турското првенство: 2015/16, 2016/17, 2017/18.
    • Победници во Турскиот куп: 2016, 2019, 2020 година.
    • Победници во Турскиот Суперкуп: 2016, 2017 година

Репрезентативни успеси[уреди | уреди извор]

Статистика[уреди | уреди извор]

Евролигата не било единственото натпреварување во кое настапувал играчот, тој играл и во домашното првенство

Евролига[уреди | уреди извор]

Година Тим ОН ПН МН П2% П3% СФ% СН АН УТ БН КН ИП
2014-15 Црвена звезда 24 10 26,0 42,9 35,5 62,7 3,9 2,0 0,8 0,2 9,2 9,1
2015-16 Фенербахче 29 13 18,9 43,4 24,2 71,1 3,3 1,2 0,4 0,2 4,6 5,4
2016-17 Фенербахче 33 20 24,0 48,2 34,7 83,7 3,1 1,5 0,8 0,3 7,5 8,3
Кариера 86 43 22,8 45,1 32,9 70,5 3,4 1,5 0,7 0,3 7,0 7,9

ОН-одиграни натпревари, ПН-почнати натпревари, МН- минути во натпревар, П2%-процент на удар за два поени, П3%-процент на удар за три поени, СФ%-процент на удар од слободни фрлања, СН-скокови по натпревар, АН-асистенции по натпревар, УТ-украдени топки по натпревар, БН-блокови по натпревар, КН-кошови по натпревар, ИП-индекс на поени по натпревар, задебелено-најдобро во кариера.

Друго[уреди | уреди извор]

Никола Калиниќ потекнувал од спортско семејство. Неговиот татко Зоран бил поранешен репрезентативец во пинг-понг, а неговата мајка Драгица (моминско Тошиќ) била поранешна одбојкарка. Постариот брат на Никола, Урош бил ватерполист, а неговата сестра Мина исто така играла одбојка.[18]

Како дете доживеал мозочен удар што резултирал со видлива промена на вилицата, која не можела да се поправи со хируршки зафат. Сепак, тој не чувствувал никаква болка.[19]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Репрезентативац Калинић у дресу Крагујевчана“. kkradnicki.rs. 13. 7. 2013. Посетено на 30. 7. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. „Мондо: Калинић у Звезди (21. јул 2014.)“. MONDO. Архивирано од изворникот на 2016-03-12. Посетено на 19. 9. 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „На данашњи дан: Рођен Никола Калинић“. mojacrvenazvezda.net. 8. 11. 2017. Посетено на 30. 7. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. „Звездин бљесак у црно-белом Пиониру: Сјајни Калинић вратио брејк Партизану!“. mozzartsport.com. 18. 4. 2015. Посетено на 30. 7. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  5. „Кад је најтеже - Калинић! Црвена звезда „покосила" Мегу и сада јури триплету!“. mozzartsport.com. 15. 6. 2015. Посетено на 30. 7. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  6. „Звездин јунак Калина: Ово је моја и Цирбесова минијатура!“. mozzartsport.com. 15. 6. 2015. Посетено на 30. 7. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  7. „Калинић: Иако за нас играју ванземаљци, они су ипак бољи тим, а ми смо успели да победимо иако смо лошији“. Спортски журнал. 19. 6. 2015. Посетено на 30. 7. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  8. „Калинић у Фенербахчеу за милион евра“. kkcrvenazvezda.rs. Архивирано од изворникот на 2015-08-03. Посетено на 25. 3. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  9. „Званично: Калинић у Валенсији“. mozzartsport.com. 18. 7. 2020. Посетено на 30. 7. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  10. „Статистика и подаци на ЕП 2013“. Архивирано од изворникот на 28. 12. 2014. Посетено на 19. 9. 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  11. „Калинић преко Бурусиса – Најлепше закуцавање СП 2014“. sportskasecanja.com. Посетено на 30. 7. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  12. „ТОП 10 Мундобаскета: Калинићу, ти си за нас број 1! (ВИДЕО)“. mozzartsport.com. 15. 9. 2014. Посетено на 27. 7. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  13. „Статистика финала СП 2014“. B92 Sport. Посетено на 19. 9. 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  14. „Учинак Звездаша у освајању светског сребра“. Moja Crvena Zvezda. Посетено на 19. 9. 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  15. „Калинић: Освојили смо сребро, али нисмо напали злато!“. mozzartsport.com. 21. 8. 2016. Посетено на 30. 7. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  16. „ЂОРЂЕВИЋ ПРЕСЕКАО: Недовић и Калинић прескачу ЕП!“. novosti.rs. 29. 8. 2017. Посетено на 30. 7. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  17. „Ђорђевић скратио списак за Кину – отпали Калинић и Недовић!“. b92.net. 1. 7. 2019. Посетено на 30. 7. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  18. „Зоран Калинић за блиц: Никола закуцај и Бразил“. Blic Sport. Посетено на 19. 9. 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  19. „Калинићев отац: Никола од детињства вуче проблем са вилицом“. Посетено на 19. 9. 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]