Никола Еничерев
| Никола Еничерев | |
|---|---|
| Роден(а) | 1844 Пловдив, Османлиска империја (денешна Бугарија) |
| Починал(а) | по 1904 Кнежевство Бугарија |
Никола Ганчев Еничерев е бугарски просветен деец, општественик и писател.
Биографија
[уреди | уреди извор]Рани години
[уреди | уреди извор]Роден е во месец мај во 1844 година во Пловдив, тогаш во Османлиската империја, во семејството на Нона Брадистилова и Ганчо Еничерев од Панаѓуриште, кои се преселиле во Пловдив по чумата од 1833 година. Во 1850 година започнал да учи при ѓаконот Иларион Хиландарски, а од 1853 година е ученик во Централното бугарско училиште, каде му предаваат Јоаким Груев, Христо Г. Данов и Константин Геров. Во 1862 година Еничерев станува помошник учител при Јоаким Груев, која должност ја извршувал до 1865 година.[1]
Учителската дејност во Прилеп
[уреди | уреди извор]Во периодот од 1866 до 1877 година Никола Еничерев е главен учител во Прилеп, каде што станал еден од видните дејци на бугарската просвета во Македонија. Го реформирал Прилепското училиште, развивајќи го од основно во класно и создава услови тоа да прерасне во специјализирано за начални учители.[2]
Еничерев е помеѓу водачите на борбата за црковна и духовна независност во Прилепско и како резултат на широката дејност на 25 февруари 1868 година била отфрла Цариградската патриаршија, а грчкото училиште било изведено од општинската зграда. Тутунџискиот еснаф во Прилеп за свои патрони ги зел Св. Кирил и Методиј по идеја на Никола Еничерев и така 11 мај станал општоградски празник. По негова идеја се создават и други еснафски друштва. Избран е за претседател на новосоздаденото во пролетта 1867 година читалиште „Надежда“, кое станало културен центар во реонот.[2][3]
Враќање во Бугарија
[уреди | уреди извор]По создавањето на Кнежеството Бугарија во 1878 година, Еничерев се сели во Софија, кадешто работел како учител и чиновник.[4]
Тој оставил зад себе спомени со наслов „Спомени и белешки“ (Възпоменания и бележки), кои се вреден извор за просветата во Прилепско[5] и заземаат важно место во бугарската мемоаристика. Мемоарите му содржат раскази за раните години во Пловдив, кога бил сведок на борбата за национална еманципација на градот, како и прикази за настаните што ги преживеал во Македонија.
Публикувал статии во весникот „Македонија“. Во некои од статиите се потпишувал како Никола Ганчев.[6]
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Ганчевъ Еничеревъ, Никола (1904). „Спомени отъ моето учителство въ Прилѣпъ“. Сборникъ за народни умотворения, наука и книжнина (бугарски). 20: 1–72.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Енциклопедия на българската върожденска литература. Абагар. 1996. стр. 270.
- 1 2 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>; нема зададено текст за наводите по имеЕБЖЛ 2702. - ↑ Църнушанов, Коста (1992). Историческият образ на Старозагорския митрополит Методий (Тодор) Кусев (PDF). София: Македонски научен институт. стр. 7–8.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>; нема зададено текст за наводите по имеЕБЖЛ 2703. - ↑ Литературна история, том 5, Издателство на Българската академия на науките, София, 1979, стр. 33.
- ↑ Радев, Иван (2002). Българската литература на XIX век. Абагар. стр. 106.