Никола Донев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Никола Донев (роден на 17 мај 1947 во Струмица) е прв одбојкар од Македонија кој има играно на светско првенство. Донев е еден од најдобрите одбојкари на Македонија на сите времиња, репрезентативец на Југославија, вбројувајќи се помеѓу Трифке Трифуновски, Александар Тасевски, Горан Србиновски, Владимир Богоевски и Горан Јанков.

Биографија[уреди | уреди извор]

Никола Донев, по Владимир Богоевски, има најмногу настапи во дресот на младинската и А-репрезентацијата на Југославија, тој е прв македонски одбојкар од Македонија кој има играно на светското првенство, беше постојан член на првата шесторка на најдобриот југословенски состав.

Спортската кариера на Никола Донев, започнува во неговиот роден град Струмица. Заедно со Васил Рингов, Благој Истатов, а денес со Горан Пандев, Никола Донев го има прославено градот. Неговиот прв спорт била кошарката некаде во 1962 година во гимназијата "Јане Сандански°. Прв кошаркарски тренер му бил професорот Киро Галев. По доаѓањето од војска, во први клас гимназија, тренерот Ристо Колев, голем вљубеник во одбојката, го убедил да се преориентира на одбојка. Тогаш почнал да играм со познатата генерација струмички одбојкари: Панде Манчев, Ѓорѓи Нанов, Ѓорѓи Палазов, Блаже Манчев...

Првиот клуб за кој играл и бил регистриран е Партизан од Струмица, прв тренер, неговиот братучед Ристо Колев, од кого ги научил првите одбојкарски тајни. Како се случи од Струмица да заминете за Скопје, станавте член на Вардар, кој играше во Првата лига на Југославија. Во 1964 година, уште во трети клас гимназија, во Струмица по него доаѓа тогашниот тренер на Вардар, Војче Синадиновски, заедно со популарниот фудбалер Андон Дончевски.

Во 1966 година заиграл во прволигашкото друштво на Југославија во дресот на Вардар, бидејќи на квалификацискиот турнир на Палиќ кај Суботица за пласман во Првата лига Вардар го освои првото место и повторно се најде меѓу најдобрите клубови во Југославија. Таа сезона Вардар беше четврти во Југославија во конкуренција на Младост, Партизан, Црвена звезда, Босна, Јединство. Вардар во тоа време беше во врвот на југословенската одбојка, подоцна и шампион на Југославија.

За репрезентацијата на Југославија има одиграно околу 70 натпревари, најпрвин за младинската селекција, потоа и за најдобрата. Првпат бил повикан за А-репрезентацијата во 1968 година од тогашните тренери Вукајловиќ и Гаќанин. Настапил на меѓународниот турнир во Брашов во Романија. Дебито му било против селекцијата на Романија.

Во тогашната репрезентацијата на Југославија игра заедно со познатите одбојкари: Бошњак, Милош Грбиќ, Миодраг Гвозденовиќ, Младен Кос, Владимир Јанковиќ, Трифке Трифуновски, Звонимир Брозиќ, Адолф Урнаут, Душан Петровиќ...

Никола Донев е прв одбојкар од Македонија кој има играно на светско првенство. Настапил на Светскиот шампионат во Бугарија во 1970 година. Во конкуренција на 24 репрезентации Југославија го освои десеттото место. За репрезентацијата на Југославија има играно од 1968 до 1972 година. Во 1968 година со Вардар заминал на турнир во Бејрут. Последен пат бил повикан во репрезентацијата во 1972 година, и тоа како војник во Белград. Селекцијата била многу подмладена, тогаш првпат во "синиот° дрес играле и Владимир Богоевски, подоцна нејзин капитен и незаменлив член на првата шесторка, и Александар Тасевски.

Подоцна игра за ОК Струмица во втората А-лига на Југославија.

Струмица отсекогаш имала силен состав. За ОК Струмица настапува заедно со Панче Манчев, Кирил Новаков, Јовица Џаковиќ, Никола Михајлов, Благој Манчев, Љубе Танушев, Кирил Партенов, Миле Георгиев, Ѓорѓи Нанов.

Активно игра до 1983 година, кога се посветува на тренерската кариера се до 1994 година. Најпрвин бил тренер на младинците на ОК Струмица со кои неколку пати бил републички првак, со младинската репрезентација на Македонија на турнирот "Републиките и покраините° во Фоча го освоил третото место. Во сезоната 1988 - 1989 година бил прв тренер на Струмица во втората А-лига на Југославија. Круна на неговата тренерска кариера била 1993 година, кога Струмица го освои првото место во Првата лига на Македонија и стана шампион во самостојна Македонија.