Прејди на содржината

Никола Вулиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Никола Вулиќ (Скадар, 27.11.1872 – Белград, 25.05.1945) – класичен филолог и археолог. Дипломирал класична филологија и историја во Белград (1894), докторирал во Минхен (1896) и до 1938 г. бил професор на Универзитетот во Белград. Член е на САН (1921) и на неколку странски академии и институти. Автор на 550 научни трудови и одделни монографии. Посебно внимание му посветил на собирањето и евидентирањето на епиграфските камени споменици, што ги објавил во 8 книги.