Никола Вукадиновиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Вукадиновиќ
Роден 1921
Скопје
Починал 24 октомври 1944
Белград

Никола Гојко Вукадиновиќ ( 1921 во Скопје24 октомври 1944 во Белград,) — македонски партизан, учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од службеничко семејство. Основното училиште и гимназијата ги завршил во Скопје, а потоа се запишал како вонреден студент. По окупацијата на Македонија бил присилен да се засолни во Србија. Работел во Горњи Крупањ. Учествувал во големата борба за ослободување на Белград. Иако накривувал на едната нога уште од детство, тоа не му пречело да земе пушка в раце и да се бори на првата борбена линија против Германците. Никола Вукадиновиќ загинал во уличните борби за ослободувањето на Белград, на 24 октомври 1944 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 42. На |first= му недостасува |last= (help)