Прејди на содржината

Никола Василев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Василев
Роден 1881
Радовиш, Македонија
Починал ?
 ?

Никола Василев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Животопис

[уреди | уреди извор]
Наредба на ЦК на ВМОРО за назначување на Георги Вндев и Никола Василев за членови на струмичкото окружено управно тело.

Василев е роден во 1881 година во градот Радовиш, тогаш во Отоманското Царство. Завршува средно образование. Се вклучува во ВМРО. Во јули 1924 година е делегат на Струмичкиот окружен конгрес и е избран за резервен член на окружниот комитет. На Шестиот конгрес на ВМРО во февруари 1925 година е избран за резервен член на Централниот комитет на ВМРО. На 3 април 1925 година Централниот комитет го именува за член-секретар во привременото струмичко окружно управно тело до свикувањето на окружен конгрес. Во октомври истата година за време на Петричкиот инцидент, Василев активно учествува во одбивање на грчките војници во близина на градот Петрич.[1][2][3][4][5].

  1. Михайлов, Иван. Спомени III. Освободителна борба 1924 - 1934, Льовен, 1967, стр. 938.
  2. Пърличев, Кирил. VІ конгрес на ВМРО (1925), Веда МЖ, София, 2005, стр. 96.
  3. Пърличев, Кирил. VІ конгрес на ВМРО (1925), Веда МЖ, София, 2005, стр. 77.
  4. Пърличев, Кирил. VІ конгрес на ВМРО (1925), Веда МЖ, София, 2005, стр. 80.
  5. Гаджев, Иван. Иван Михайлов - отвъд легендите, Том I, УИ „Св. Климент Охридски”, София, 2007, стр. 201.