Никола Атанасов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 1886
Огњаново, денес Бугарија
Починал 15 март 1945
Неврокоп, Бугарија

Никола Атанасов бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, се вклучил во политичкиот живот на Бугарија како близок на Внатрешна македонска револуционерна организација на Иван Михајлов.

Биографија[уреди | уреди извор]

Атанасов е роден во сиромашно семејство во селото Фотовишта (денес Огњаново), тогаш во Османлиската империја, денес Бугарија. Се стекнал со стипендија и завршил бугарска егзархиска семинарија во османлиската престолнина Цариград. Се вратил во Македонија каде влегол во влегува во Македонската револуционерна организација и станува четник во четите на Стојан Филипов и Стојан Малчанков.

По Балканските војни, Атанасов работи во даночното управување со Неврокоп (денес Гоце Делчев). Истовремено ја продолжува својата дејнсот во македонското револуционерно движење. Во април 1926 година Атанасов е избран за градоначалник на Неврокоп, должност која ја извршува до мај 1932 година. Како градоначалник вложува големи грижи за урбанизам на градот - создава првиот урбанистички план, спровел водовод и електрика, изградил нова гимназија. Иван Михајлов во своите спомени за Атанасов истакнува:

Како кмет (градоначалник б.н) на Неврокоп тој покажа извонредна храброст. Ја разурнува старата турска паланка, за да го протера модернит урбанистички план. Днес Неврокоп има канализација, водопровод, електрично осветлување, прекрасна градска градина, убави улици, модерни делови и општински згради, митрополитска палата, обштински дом, обштинска аптека, болница, лечебница, ветеринарна болница, гимназија, големо читалиште со театарски салон, модерна кланица... . сите планови постигнати од Никола Атанасов, и тоа во време кога требаше да го помага сместувањето на маса бегалци кои доаѓаа од поробениот дел на Македонија. [1]

По 19-то мајскиот државен удар во 1934 година и ударот против ВМРО, Атанасов е интерниран во Ловеч. По државниот удар од 1944 година Атанасов се крие во селото Заграде. Опколен од полицијата, Атанасов се спротивставува и е тешко повреден во 'рбетот. Суден е на носилка од т.н. народен суд во 1945 година. Убиен е во дворот на Неврокопскиот затвор. [2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Михайлов, Иван. Спомени, том 4, Льовен, стр. 861 - 862.
  2. Гаджев, Иван. Лушин - българската голгота, том ІІІ, София, 2004, стр. 72-75.
  3. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993.