Никола Џеров
| Никола Џеров | ||
| Роден | Никола Георгиев Џеров 4 септември 1892 Софија, Кнежевство Бугарија | |
|---|---|---|
| Починал | 1 ноември 1975 (возраст: 83) Софија, НР Бугарија | |
| Занимање | поет, прозаист и публицист | |
Никола Џеров (сретнуван и како Никола Ѓеров; 4 септември 1892 во Софија — 1 ноември 1975 во Софија) — бугарски поет, прозаист и публицист од македонска народност.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]
Џеров е син на преселници од Охрид што живеат во бегалскиот софиски четврт Јучбунар, па уште мал го усвоил македонскиот како домашен јазик. Ја завршил гимназијата и студиите по словенска филологија на Софискиот универзитет.
Во 1914-1915 година престојува во градот на неговите родители и пишува стихови на македонски јазик. Активно учествувал во Академското друштво „Бело Море“ во периодот 1914-1917. Во зачуваниот ракописен „Беломорски дневник“ (потпишан со псевдонимот Џеронимо) е забележана и песната „Откако те видоф“, што подоцна влегол со други три и во стихозбирката со негови стихови (и на македонски) „Охридска пролет. Спомени“ во 1923 година, а две од нив и во збирката со нотирани македонски песни од Јосиф Чешмеџиев во 1926 година.
Работел како редактор и член на Редакцијата на органот на Македонскиот младешки зговор, преименуван во Сојуз на македонските младешки културно-просветни организации во Бугарија „Устрем“ во периодот 1923-1926. Потоа бил член на редакцијата на легалниот орган на ВМРО „Македонија“ во периодот 1926-1928, но по убиството на Александар Протогеров, како револт „поради братоубиствата на Македонците што се разгореле во Бугарија“, ја напуштил редакцијата.
Објавувал книжевни и публицистички прилози во разни списанија и весници во Бугарија (и под псевдонимите Бојко и Македонец), како и преводи со повеќе антологии од француски, руски и германски поети.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џиков“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1639. Text "series " ignored (help)
|