Прејди на содржината

Никола Јовановски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Никола Димов Јовановски ( 1924 во Добри Дол (Скопско)16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно селско семејство. Основно училиште завршил во селото, а потоа се занимавал со земјоделство. На 10 октомври 1944 година, во неговиот крај навлегле македонските ослободителни бригади. Тогаш стапил во Треттата македонска ударна бригада. Бил распореден во првата чета на првиот баталјон со кого учествувал во борбите против балистите во близина на неговото родно село, а особено на реката Треска. Се истакнал во борбите за ослободување на Велес и Скопје. По ослободувањето на Македонија заминал за Срем, каде учествувал во големиот пробив на Сремскиот фронт. Загинал во битките за ослободувањето на Врпоље, на 16 април 1945 година. Бил закопан кај Врпоље, на борбената позиција.[1]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 72. На |first= му недостасува |last= (help)