Николај Холодни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Николај Григориевич Холодни
Роден(а)22 јуни 1882
Тамбов, Руска Империја
Починал(а)4 мај 1953(1953-05-04) (возр. 70)
Киев, СССР
НационалностСССР
Занимањемикробиолог
Познат(а) поХолодни-Вентов модел

Николај Григориевич Холодни (руски: Никола́й Григо́рьевич Холо́дный; 22 јуни 1882 - 4 мај 1953) — влијателен микробиолог кој работел на Универзитетот во Киев, Украина во СССР во текот на 30те години на минатиот век.

Тој е познат по Холодни-Вентовиот модел кој го развил независно со Фритс Вармолт Вент од Институтот за технологија во Калифорнија. И покрај тоа што биле поврзани со истата теорија, двајцата никогаш не се сретнале.[1]

Чолодни работел во ботаничката градина Александар Фомин во склоп на Универзитетот во Киев.[2] Тој бил еден од пионерите на концептот дека микробите се лепат на површините. Користел техниката со која прво поставувал стаклени плочки во земјата за измерен временски период, а потоа на микроскоп се испитувале примероците.[3][4] Прокариот лептотрикс ходлоди бил именуван по него.[5] Во 1927 година, Холодни предложил клетките на колеоптилот најпрво да се поларизираат под влијание на нерамномерна изложеност на светлина, така што хормонот за раст може побрзо да се шири кон страната во сенка отколку во која било друга насока. Вен стигна до истиот заклучок во 1928 година, а имињата на двајцата научници биле прикачени на контроверзната Холдни-Вентова теорија. [6]

Библиографија[уреди | уреди извор]

Избраните дела вклучуваат:[7]

  • 1926 Die eisenbakterien: bieträge zu einer monographie од Н. Холодни
  • 1928 Über eine vermeintliche Anomalie im Wachstumsmodus der Wurzeln von Lupinus albus од Н. Холодни
  • 1932 Lichtwachstumsreaktion und Phototropismus 2 од Н. Холодни
  • 1933 Zum Problem der Bildung und physiologischen Wirkung des Wuchshormons bei den Wurzeln од Н. Холодни
  • 1939 Spezielle Methoden.

Во 1937 година Холодни и Санкевич објавиле статија за влијанието на слабите електрични струи врз растот на колеоптилот во растителната физиологија.[8] Истата година тој објавил напис Чарлс Дарвин и модерната теорија на тропизмите во списанието „Сајанс“.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. F.W, Went (1974). „Reflections and Speculations“. Annual Review of Plant Physiology. 25: 1–27. doi:10.1146/annurev.pp.25.060174.000245.
  2. „About Botanical Garden“. O.V. Fomin Botanical Garden. Посетено на 2012-06-17.
  3. Hilary M. Lappin-Scott (1999). „Claude E. Zobell – his life and contributions to biofilm microbiology“ (PDF). Proceedings of the 8th International Symposium on Microbial Ecology. Посетено на 2012-06-17.
  4. Jonas Långmark; Nicholas J Ashbolt; Ulrich Szewzyk; Thor Axel Stenström (2001). „Adequacy of in situ glass slides and direct sand extractions to assess the microbiota within sand columns used for drinking water treatment“. Canadian Journal of Microbiology. 47 (7): 601–607. doi:10.1139/w01-052.
  5. J.P. Euzéby. „List of Prokaryotic names with Standing in Nomenclature - Genus Leptothrix“. Посетено на 2012-06-17.
  6. Vladimir Orbovik; Kenneth I. Poff (1993). „Growth Distribution during Phototropism of Arabidopsis thaliana Seedlings“ (PDF). Plant Physiology. 103 (1): 157–163. doi:10.1104/pp.103.1.157. PMC 158958. PMID 12231922. Посетено на 2012-06-17.
  7. „Cholodny, N.“. Worldcat. Посетено на 2012-06-17.
  8. N. G. Cholodny; E. Ch. Sankewitsch (April 1937). „Influence of weak electric currents upon the growth of the coleoptile“. Plant Physiology. 12 (2): 385–408. doi:10.1104/pp.12.2.385. PMC 439299. PMID 16653418.
  9. Cholodny (19 November 1937). „Charles Darwin and the modern theory of tropisms“. Science. 86 (2238): 468. doi:10.1126/science.86.2238.468. PMID 17815459.