Николај Кузнецов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Николај Кузнецов
Родено имеНиканор[1] Иванович Кузнецов
Роден27 јули 1911(1911-07-27)
Зирјанка, Русија
Починал9 март 1944(1944-03-09) (возр. 32)
Борди, Рајхскомесаријат Украина
ДржаваСССР СССР
Служба1938–1944
ОдликувањаХерој на Советскиот Сојуз

Николај Иванович Кузнецов (руски: Николай Иванович Кузнецов; Зирјанка, 27 јули 1911Броди, 9 март 1944) бил советски агент и партизан кој делувал во окупираната Украина во текот на Втората светска војна. Кузнецов бил на чело на неколку комплексни операции, вклучувајќи и убиство и киднапирање на високи нацистички службени лица во регионите Ровно и Лавов. Кузнецов исто така бил првиот разузнавачки агент кој ги открил плановите на Германија за извршување на голем масовен напад на Курск, информации за германски ракети V-2, Бункер на Хитлер кај Виница (Украина) и германските планови да кренат востание на Кавказ против СССР и Адолф Хитлер, плановите за убиство на советските лидери, Соединетите држави и Велика Британија за време на Конференција во Техеран. Тој бил убиен на 9 март во судир со припадниците на украинската востаничка армија на Степан Бандера во близина на Лавов. Николај Иванович Кузнецов посмртно бил одликуван со орден за херој на Советскиот Сојуз.

Советска поштенска марка од 1966 година во чест на Кузнецов

Детинство и младост[уреди | уреди извор]

Роден е во селско семејство во Екатеринбург, во селото Зиријанки оддалечено 225 km од Свердловска (денес Екатеринбург). Тој бил трето дете на Иван Павлович Кузнецов, учесник во Октомвриска револуција и борец на Црвена армија и Ана Петровна. Семејството Кузнецов во 1932 година се преселило во Екатеринбург, а во исто време Николај се запишал на Индустрискиот факултет во овој град. По дипломирањето, се вработил во „Уралмаш завод“, каде работел како контролен инженер во градежното биро. Откако го открил својот талент за јазици, ги научил германски, есперанто, полски, украински, англиски и јазикот на народот Коми. Толку добро зборувал германски што германските инженери кои работеа таму мислеле дека е роден Германец.

Неговата дипломска работа во 1936 година ја бранел на германски јазик.

Пристапување во НКВД[уреди | уреди извор]

Во текот на 1938 година, Кузнецов се преселил во Москва и влегол во НКВД, но сепак формално работел како инженер во една Московска фабрика. Во НКВД, тој завршил обука за падобранство, скијање и стрелање, курс за боречки вештини, тој бил обучен да вози автомобил и мотор, завршил школа за танцување, бил обучен да изведува саботажни акции. Тој веќе имал исклучителна култура и многу широко образование. Во текот на зимата 1939 година, среде Советско-финската војна, тој заминал за Санкт Петербург од каде што бил префрлен во Финска, каде извршил тајна мисија.

Големата патриотска војна[уреди | уреди извор]

Конечни подготовки[уреди | уреди извор]

Кога започнала Големата патриотска војна, Кузнецов инсистирал да биде испратен во непријателска област, каде што ќе извршува разузнавачки активности. Било одлучено Кузнецов да се испрати во Ровно, град што Германците го прогласиле за главен град на Украина во кој ги сместиле речиси сите важни институции и штабови, кои биле врзани за Источниот фронт. Идејата била Кузнецов да влезе во една од тие институции и од таму да собира информации од најголемо значење. Во базата за обука, тој го добил псевдонимот Николај Васиљевиќ Грацев. Тој морал да ги научи имињата, чиновите и функциите на голем број луѓе, од највисоките нацистички службеници до „неговите“ команданти и соборци. Тој ги проучувал сите документи со кои требало да се сретне еден германски војник, од воени документи до обични билети за воз.

Како дел од обуката, тој работел како преведувач на сослушување на заробените офицери и бил сместен во затворскиот логор каде што повеќепати бил тестиран неговиот нов идентитет.[2] Затворениците не се сомневале дека тоа не е нивен сонародник. За да биде комплетен неговиот нов идентитет како германски аристократ, сè што поседувал морало да биде од германско производство, освен часовникод што бил од Швајцарија. Му бил набавен и златен прстен со монограм, кој вешто бил изменет за да одговара на иницијалите на неговиот нов идентитет.

Кузнецов го презел идентитетот на поручникот Пол Вилхелм Зиберт, кој бил заробен и сместен во затворскиот логор во близина на Москва. Зиберт бил поручник во 230-от пешадиски полк на 76-та пешадиска дивизија.

Победници[уреди | уреди извор]

Одредот на победата со падобрани бил фрлен кон источна Украина на почетокот на летото 1942 година и го започнал своето патување на запад кон Ровно. Кузнецов и другиот дел од одредот со падобрани стигнале во Ровно, кон крајот на јули 1942 година, со што бројот на членови на одредот се зголемил на 100.[3]

Откритие на плановите за операцијата Цитадела[уреди | уреди извор]

Ерих Кох

Своетски партизани планирале убиство на Ерих Кох, рајхскомесар на Украина.

На 20 април 1943 година, Германците организирале парада во чест на роденденот на Хитлер. Кузнецов предложил да се убие Кох на парадата, иако тоа би бил обид за самоубиство. Тој се откажал од убиството затоа што Кох не се појавил на парадата.[4]

Вториот обид бил замислен на тој начин што Кузнецов и една девојка побарале прием од Кох, претставувајќи ја девојката како негова свршеница чии родители ги убиле комунистите, и на која ѝ било наредено да оди во Германија. Кох имал право да одобрува бракови меѓу германски војници и словенски девојки. Кох исто така бил од Источна Прусија, како и вистинскиот Пол Вилхелм Зиберт. Кузнецов не го убил Кох, проценувајќи дека тој и девојката нема да имаат шанса да излезат живи. Меѓутоа, во оваа прилика, Кох го потврдил она што советските врховни команди претпоставувале: дека Германците планираат голема битка кај Курск.

Атентати на нацисти[уреди | уреди извор]

На Кузнецов му било наредено да го убие заменикот на Кох Паул Даргел. Паул Даргел живеел во палатата во Ровно во областа резервирана за германските офицери. Областа бил добро чувана, а на Полјаците и Украинците им бил забранет влез. Кузнецов ја дознал секојдневната рутина на Даргел, односно дека тој оди пеш, дека секогаш е придружуван од аѓутант кој носи црвена кожна торба и дека пред нив одат воени полицајци кои ја проверуваат областа пред нив. Било наредено атентатот да се случи на 20 септември. Кузнецов дошол со возачот во автомобилот на патот по кој се движел Даргел и видел двајца мажи, од кои едниот носел црвена кожна торба. Кузнецов излегол од автомобилот и ги убил двајцата, а потоа брзо се оддалечил до базата на одредот „Победници“. Два дена подоцна, локалните весници објавиле вести за атентатот и се покажало дека Кузнецов не го убил Даргел, туку економистот Ханс Гел. Еден месец подоцна, Кузнецов го извршил убиството на Даргел, овој пат со антитенковска мина. Даргел бил тешко ранет и двете нозе му биле ампутирани.[2]

Откривање на операција во Иран[уреди | уреди извор]

Пристапот на Кузнецов кон голема сума пари го направила популарен меѓу германските војници, кои од него барале заеми. Така Кузнецов се спријатели со гестапо офицерот, Улрих фон Ортел. На една забава, фон Ортел пијан му открил дека Германците организираат специјални единици под команда на Ото Скорзени. Сепак, Кузнецов од фон Ортел не можел да открие каде и зошто ќе се користи оваа специјална единица. Така НКВД откри дека Германците подготвуваат операција во Иран, т.е. откриле дека во Техеран ќе се оддржи конференција на тројцата сојузнички водачи: Јосиф Сталин, Винстон Черчил и Френклин Делано Рузвелт.[5]

Смрт[уреди | уреди извор]

Гробот на Николај Кузнецов во Лавов

Николај Кузнецов умрел на 9 март во 1944 година во местото наречено Борди во Украина. Бил погребан во Лавов.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Georgiy Zotov. (Разведчик Кузнецов собирался убить Гитлера?) Arguments and Facts. 27 July 2011
  2. 2,0 2,1 Cornish 2014, стр. 46.
  3. Cornish 2014, стр. 48.
  4. Sakaida 2012, стр. 41.
  5. Yenne 2015, стр. 55-56.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Китановић, Бранко. Човек који је уздрмао Трећи рајх.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Sakaida, Henry (2012). Heroes of the Soviet Union 1941-45. Osprey Publishing. ISBN 978-1-78096-652-6.CS1-одржување: ref=harv (link)[мртва врска]
  • Cornish, Nik (2014). Soviet Partisan 1941–45. Osprey Publishing. ISBN 978-1-4728-0143-2.CS1-одржување: ref=harv (link)[мртва врска]
  • Yenne, Bill (21. 09. 2015). Operation Long Jump: Stalin, Roosevelt, Churchill, and the Greatest Assassination Plot in History. Regnery Publishing, Incorporated, An Eagle Publishing Company. ISBN 978-1-62157-440-8. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]