Николај Кауфман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Николај Кауфман
Роден Николај Јанков Кауфман
23 септември 1925
Русе, Царство Бугарија
Починал 26 март 2018(2018-03-26) (возр. 92)
Софија, Бугарија
Националност Бугарин
Народност Евреин
Познат Академик на БАН
Занимање музиколог, фолклорист, композитор
ОбразованиеНационална музичка академија
Поле на дејностЕтнографија
Работел воИнститут за етнологија и фолклористика со етнографски музеј

Николај Јанков Кауфман (бугарски: Николай Янков Кауфман; 23 септември 1925 – 26 март 2018) ― бугарски музиколог, фолклорист и композитор, понекогаш наведен како најистакнат бугарски изучувач во својата област.[1]

Кауфман е роден во подунавскиот град Русе во бугарско ашкенашко еврејско семејство.[2] Во 1952 година дипломирал труба и музичка теорија на Националната музичка академија во Софија.

Од 1952-1988 година работел во Институтот за музика на Бугарската академија на науките ; потоа се преселил во Институтот за фолклористика. Почнувајќи од 1978 година, тој бил предавач на Националната академија за музика. Докторирал во 1973 година.[3]

Композициите на Кауфман вклучуваат над илјада аранжмани на бугарски, ашкенашкии и сефардски еврејски народни песни, негови сопствени песни компонирани во бугарски народен стил и клавирски дела. Некои од снимките на Женскиот вокален хор на бугарската државна телевизија биле засновани на аранжманите на Кауфман на бугарски народни песни, вклучително и некои во албумот на хорот награден со Греми награда, Le Mystère des Voix Bulgares, Vol. II.[3]

Работата на Кауфман како музиколог опфаќа снимање на преку 30.000 бугарски народни песни и мелодии, резултат на неговите теоретски и теренски студии. Тој изработил голем број книги, збирки и статии. Од 1997 година е дописен член на Бугарската академија на науките и академик од 2003 година. Добитник е на голем број професионални награди и награди.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Nikolai Kaufman“. VoxBulgarica. Архивирано од изворникот на 17 јануари 2010. Посетено на 26 февруари 2022.
  2. „Българи юдеи ("Bulgarian Jews")“ (бугарски). Ziezi. Архивирано од изворникот на 7 декември 2008. Посетено на 26 февруари 2022.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Николай Янков Кауфман ("Nikolay Yankov Kaufman")“ (бугарски). Bulgarian Choral Art. Архивирано од изворникот на 2 јуни 2009. Посетено на 26 февруари 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]