Николаос Манос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Николаос Манос
Роден ?
Бел Камен, Егејска Македонија
Починал ?
 ?

Николаос Манос (грчки: Νικόλαος Μάνος) е андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија

Животопис[уреди | уреди извор]

Николаос Манос е роден во леринското влашко-арванитско патријаршиско село Бел Камен. По засилувањето на грчката вооружена пропаганда во Македонија се приклучил кон грчката кауза. Во периодот од април 1905 до ноември 1907 година извршувал разни задачи, бил курир, водач и андарт во разни чети кој воделе борба со Македонската револуционерна организација.

По наредба на Николаос Андрианакис почнал да раководи самостојна чета, а со неа во Невеска го ликвидирал Зенел беј.

Во почетокот на април 1910 година бил уапсен од турските власти и бил осуден на 10 години затвор и испратен за Бодрум, но по неклоку јмесеци бил амнестиран од турскиот султан Мехмед V и бил ослободен.

По амнестијата се вратил во Македонија и ја продолжил својата андартска дејност во текот на целата 1910 година. Манос во Бел Камен го ликвидирал С. Михалалези, кој бил локален раководител на Романската пропаганда во Македонија.

Воо 1912 година избегал во Лариса. Потоа учествувал во Првата балканска војна со чета составена од доброволци од Костурско и Леринско. Извршувал задачи од ІІІ и V грчка дивизија [1][2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Αρχείο Διεύθυνσης Εφέδρων Πολεμιστών Αγωνιστών Θυμάτων Αναπήρων (ΔΕΠΑΘΑ), Αρχείο Μακεδονικού Αγώνα, φ. Μ-542.
  2. Ιωάννης Σ. Κολιόπουλος (επιστημονική επιμέλεια), Αφανείς, γηγενείς Μακεδονομάχοι, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, University Studio Press, Θεσσαλονίκη, 2008, σσ. 167-168.