Никеи 225
Изглед
Никеи 225 (англиски: Nikkei 225) - главен берзански индекс на Токиската берза.
Состав на индексот
[уреди | уреди извор]„Никеи 225“ е составен е од 225 акционерски друштва и пресметан е според системот на ценовно пондерирање. Тоа значи дека фирмата со поголема цена на акцијата има поголемо влијание врз движењето на индексот. Најголемото друштво што котира на берзата е „Тојота“ чиај пазарна капитализација надминува 180 милијарди долари, а второто најголемо друштво е „Софтбенк“ со пазарна капитализација од 112 милијарди долари. Акциите во состав на индексот се поделени во 35 сектори.
Табела 1. Секторска структура на Никеи 225
| Сектор | Бр. на друштва | Сектор | Бр. на друштва |
|---|---|---|---|
| Храна | 11 | Текстил | 4 |
| Хартија | 2 | Хемикалии | 17 |
| Фармација | 9 | Нафта и јаглен | 2 |
| Гумени производи | 2 | Стакло и кристали | 8 |
| Обоени метали | 5 | Обоени метали | 12 |
| Машини | 16 | Електрични машини | 27 |
| Бродоградба | 2 | Услуги | 11 |
| Трговски компании | 7 | Градежништво | 9 |
| Рударство | 1 | Гас | 2 |
| Електрична енергија | 3 | Телекомуникации | 6 |
| Работа со инвентар | 1 | Авионски транспорт | 1 |
| Бродски транспорт | 3 | Копнен транспорт | 2 |
| Железници | 8 | Недвижности | 5 |
| Останати финансиски услуги | 1 | Осигурување | 6 |
| Хартии од вредност | 3 | Банкарство | 11 |
| Продажба | 8 | Рибарство | 2 |
| Останато производство | 3 | Прецизни инструменти | 5 |
| Автомобилска индустрија | 10 |