Низа ситно нанижана“

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Низа ситно нанижана“ — стихозбирка за деца на македонскиот поет Живко Николовски од 1985 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката содржи вкупно 39 песни:[1]

  • Низа ситно нанижана
  • Деновите
  • Понеделник
  • Вторник
  • Среда
  • Четврток
  • Петок
  • Сабота
  • Недела
  • Јануари
  • Ден за желби
  • Февруари
  • Денто што го нема
  • Март
  • За љубов на мајките
  • Април
  • Апри-ли-ли
  • Мај
  • Ден за љубов
  • Јуни
  • Десетти јуни, или крај на учебната година
  • Јули
  • За борците
  • Август
  • Илинденска
  • Септември
  • Први септември, или почеток на учебната година
  • Октомври
  • Празнична
  • Ноември
  • Каков е ноември (по повод Денот на Републиката)
  • Декември
  • Песна за нашите војници
  • Годишните времиња
  • Што направи пролетта
  • Кога се испотило летото
  • Во есен по есенски
  • Како зимуваше зимата
  • Времето

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Стихозбирката е објавена од издавачката куќа Детска радост, како 75. книга во библиотеката „Сончогледи“. Книгата, со димензии од 20 сантиметри и со обем од 60 страници, е отпечатена во ООЗТ Печатница при РО НИП „Нова Македонија“ во Скопје, во тираж од 2 050 примероци. Автор на илустрациите е Ѓуро Варга, а ликовното и графичкото уредување го направил Франц Кулеванов. Книгата е каталогизирана во НУБ „Климент Охридски“, Скопје, но без меѓународната ознака ISBN.[1]

За делото[уреди | уреди извор]

Со стихозбирката авторот ја освоил третата награда за поезија на јубилејниот конкурс по повод 40-годишниината од печатот за деца во СР Македонија.[2] Во својот осврт, Рајко Јовчевски ја оценува збирката како одмерена и мудра. Иако авторот не открива ништо ново и непознато, зашто песните обработуваат одамна познати теми, но пристапот на Николовски се одликува со поинаков жар. Збирката претставува вистинска низа од песни во која авторот најпрвин ја разглобува годината во детали за на крајот да дојде до вистинската цел — да ја претстави годината како целина и како низа. Песните се кратки, испеани со малку зборови, со логични и чисти рими и со строга ритмика.Притоа, авторот не настојува да ги изненади читателите, туку да ги поучи, а во некои песни внесува и благ хумор, и тоа секогаш на вистинското место. За разлика од неговите претходни две збирки, оваа се одликува со тоа што нема песни кои отскокнуваат со повисока вредност, туку сите се со подеднаков квалитет, Во секој случај, авторот успела во намерата да напише читлива и разбирлива книга.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985.
  2. Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 4.
  3. Рајко Јовчески, „Убава поетска низа“, во: Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 54-55.