Ние сме нашите планини

Од Википедија — слободната енциклопедија

Координати: 39°50′13.5″N 46°46′11.42″E / 39.837083° СГШ; 46.7698389° ИГД / 39.837083; 46.7698389

„Ние сме нашите планини“ споменик на кој се прикажани маж и жена
драма паричка со татик папик
Плакета во спомен на реконструкцијата-ревитализација на споменикот во 2013 година

Ние сме нашите планини“ (ерменски: Մենք ենք, մեր լեռները, Menk' enk' mer lernerə) е голем споменик северно од Степанакерт, главен град на - де факто независна Република Aртсакх, („де јуре“ Кханкенди, во рамките на Република Азербејџан)[1].

Скулптурата, била завршена во 1967 година од Саргис Багхдасарјан, се смета за симбол на ерменскота историја и наследство од Нагорно-Карабах. Споменикот е изработен од вулканска карпа туфа, претставува и прикажува стари маж и жена исклесани во карпа од карпа, симболизирајќи го планинскиот народ на Карабах. Познат е и како „ татик-папик “ што на ерменски јазик значи - „баба и дедо“ . Скулптурата е претставена и на грбот на Република Артсакх [2].

Употребата на споменикот во видео клип наменет за настап на Евровизија 2009 бил првиот од неколкуте политички конфликти за време на натпреварот околу Ерменија и Азербејџан. Претставници од Азербејџан се пожалиле на Европскиот радиодифузен сојуз за употребата на „Ние сме наши планини“ во ерменски контекст, бидејќи територијата на Нагорно-Карабах е де јуре дел од Азербејџан[3].

Наводи[уреди | уреди извор]