Ние не сме ангели (филм од 1955)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ние не сме ангели (англиски: We're No Angels) - американски филм од 1955 година, во режија на Мајкл Куртиз, по сценариото на Раналд Мекдаугал. Во главните улоги настапуваат: Хемфри Богарт, Питер Јустинов, Алдо Реј, Глорија Талбот, Лео Карол, Џоан Бенет, Џон Баер и Бејсил Ретбоун. Филмот е снимен според драмата „Моите три ангели“ на Семјуел и Бел Спевак, а во 1989 година е снимена нова верзија на филмот, во режија на Нил Џордан.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Пред Божиќ, тројца затвореници, Џозеф (го игра Богарт), Алберт (го игра Реј) и Жил (го игра Устинов) успеваат да побегнат од Ѓаволскиот остров. Привремено засолниште неоѓаат во еден мал колонијален град, со намера само да преноќат, но тие решаваат да му помогнат на љубезното семејство Дукотел кое се соочува со проблеми: сопственикот на дуќанот, Феликс Дукотел (го игра Карол) се наоѓа во финансиски проблеми поради кои му се заканува неговиот братучед Андре Трошар (го игра Ретбоун), а неговата ќерка, Изабел (ја игра Талбот) е вљубена во родината Пол Трошар (го игра Баер). Затворениците му помагаат на Феликс да заработи некоја пара, а потоа организираат убава божиќна вечера. Утредента пристигнуваат Андре и Пол Трошар при што богатиот Андре сака да ги прегледа финансиските книги. Затворениците најпрвин ѝ помагаат на Изабел да се сретне со Пол, но сфаќаат дека тој нема намера да се омажи со неа, туку сака да го наследи богатството на Андре Трошар. Во една кутија, затворениците чуваат мала, отровна змија, а Андре им ја одзема кутијата и набргу умира, каснат од змијата. Џозеф набрзина пишува лажен тестамент во кој Андре им го остава богатството на Пол и на Феликс, но Пол го уништува тестаментот, со намера да го наследи целото богатство. Тогаш, змијата го каснува и него, така што и тој умира. Во домот на Дукотел пристигнува младиот воен доктор, а затворениците му средуваат средба со Изабел. На крајот од филмот, тројцата заробеници се подготвени да се качат на бродот со кој треба да го напуштат островот, меѓутоа се премислуваат и се враќаат назад во затворот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]